На последната владина седница го усвоивме Планот за дигитализација на судството за 2021 година. Со овој процес ќе постигнеме поголема ефикасност и транспарентност на правосудните органи, олеснет пристап до правосудните постапки и намалени трошоци, вели Премиерот Заев.
По протестот за ослободување на затворените за 27 април, кои се осудени за упадот во Собранието во 2017 година екс пратеникот од редовите на СДСМ, Павле Богоевски на социјалните мрежи напиша дека осудените за крвавиот четврток се терористи и ништо друго!
Какво освежување беше вчерашниот 27-априлски протест на опозицијата за сите оние кои, потонати во пандемиската депресија и контроверзиите од владеењето на СДСМ и нејзината коалиција на власт, подзаборавија за што, всушност, станува збор во Македонија кога разговараме за современата домашна политика! Навистина уживав, и емотивно и интелектуално, во аудио-визуелното потсетување за СИТЕ добри причини зошто падна власта на Груевски и зошто би било добро заговорниците на таа власт да се „одморат“ барем уште еден-два мандати таму каде што се наоѓаат сега: во опозиција, подалеку од можноста да одлучуваат за иднината на земјава, пишува САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА.
„Натпреварот“ почна со една благо речено несмасна и невкусна изјава преку медиумите на првиот човек на ДПИ Стојко Пауновски со изјавата дека нема намера да ја спроведе одлуката на владата за ангажирање на рамковно вработените лица кои до сега седеа дома и примаа плата, а 35 лица од нив се распоредени во оваа државна институција дури и по цена и да биде сменет од функцијата, пишува ПЕРО НАУМОВСКИ/ ЦИВИЛ МЕДИА.
Во Собранието денеска треба да се одржи продолжението на 39-тата седница на која се останати уште 24 точки на дневен ред меѓу кои како последна е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок предложи полицискиот час од 28 април да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината. Комисијата ќе го достави предлогот до Владата која за него треба да одлучи на седница. Владата треба да реши и дали ќе бидат отворени летните тераси на угостителските објекти.
Огромната и празна зона околу нуклеарната централа во Чернобил, местото на најтешката нуклеарна несреќа во светот што се случи на денешен ден пред 35 години, е страшен споменик на човечките грешки, а сепак Украинците бараат инспирација, удобност – и приход од тоа.
М. Миткоска