Премиерот Зоран Заев денеска потсети на лузните што ги носи како еден од учесниците на, како што рече, непосакуваните настани од 27 април 2017 година и ја испрати пораката – да не се повтори никогаш повеќе, ни во Северна Македонија, ниту било каде во светот.
Повлекувањето на Законот за учебници не значи повлекување од намерата за електронски учебници, туку значи дополнително додавање на одредени елементи, рече денеска премиерот Зоран Заев во врска со повлекувањето на Законот за електронски учебници од собраниска процедура. Нема да дозволиме ниту едно дете да биде заборавено затоа што е родено во сиромашно семејство, вели тој.
Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук-профил објави дека на 27 април 2017 година бил во Вевчани. Го славел неговиот роденден со неговата сестра која му била дојдена на гости од Амстердам. Како што вели Пандов, тоа практично го спасило, да не биде со „браќата“ на протестот.
Од утре, 28 април (среда), забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20:00 ќе важи од 21:00 до 5:00 наредниот ден. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.
Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи, од денеска и официјално виш јавен обвинител во Скопје, го оцени како позитивен чекор во насока на зголемување на потенцијалот, а со тоа и на ефикасноста во борба против корупцијата и криминалот изборот на петмина јавни обвинители во Вишото ЈО – Скопје и ист толкав број на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал (ОЈОГОК).
Реконструкцијата на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата Стив Наумов, се одвива со забрзана динамика и на почетокот на летото скопјани ќе добијат нов кеј за уживање, вели градоначалникот Шилегов.
Слепите лица и лицата со оштетен вид во земјава наскоро ќе добијат апликација со која ќе им се овозможи пишаниот текст да го чујат во гласовна форма. Апликацијата ќе биде бесплатна, достапна во мобилна и декстоп верзија, на македониски и на албански јазик.