ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Слепите и лицата со оштетен вид ќе добијат апликација со која пишаниот текст ќе го слушаат во аудио форма

April 27, 2021 15:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Слепите лица и лицата со оштетен вид во земјава наскоро ќе добијат апликација со која ќе им се овозможи пишаниот текст да го чујат во гласовна форма. Апликацијата ќе биде бесплатна, достапна во мобилна и декстоп верзија, на македониски и на албански јазик. Таа треба да биде завршена за два месеци, а ќе можат да ја користат и лица со потешкотии во учењето, односно оние кои информациите најлесно ги разбираат кога се во говорна форма.

-Слепите лица и лицата со оштетен вид првпат ќе добијат функционална современа и соодветна алатка со која ќе им овозможи поголема независност во сите фери на општествениот живот. Пред шест месеци започна процесот на изработка на софтвер апликација за слепите лица и лицата со оштетен вид ќе им овозможи пишаниот текст да го чујат и разберат во аудио верзија. Апликацијата аудио читач ќе биде достапна во мобилна и десктоп верзија. Ќе биде лесно разбирлива, а текстот ќе се изразува со природен глас. Оваа апликација е голем исчекор напред затоа што во моментов тие слушаа роботски глас кој е несоодветен и нецелосно разбирлив, рече на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика јагода Шахпаска.

Таа нагласи дека апликацијата ќе биде бесплата и достапна за сите на македонски и на албански јазик и лесно. Покрај слепите лица, додаде министерката, апликацијата ќе можат да ја користат и лицата со потешкотии во учењето, лицата со дислексија кои информациите најдобро ги разбираат во аудио форма.

-Овие лица имаат право за непречена комуникација слободно изразување и слободен пристап до се што ги опкружува. Оваа апликација го овозможува токму тоа – непречна комуникација, непречено движење целосно вклучување во општеството. Целосно ќе го промени начинот и квалитетот на живот на слепите лица и на лицата со оштетен вид, рече Шахпаска.

Постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН Нарине Сахакјан на прес-конференцијата истакна дека членот 9 од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост посочува оти од суштинска важност за овие лица е пристапот до информациско-комуникациските технологии, како едно од основните човекови права.

-Преку нив ќе се оствари и правото на образование, вработување, пристап до информации… Затоа сме многу среќни што сме вклучени во изнаоѓање на вакво решение кое текстот ќе го претвора во говор и со кое ќе се подобри дигиталната пристапност на лицата со попречен вид. Апликацијата ќе биде лесна и едноставна  за користење, на неа ќе може да се праќа електронска пошта, да се слушаат аудио книги, рече Сахакјан.

За слепите лица и лицата со оштетен вид ова е голем чекор напред во нивното осамостојување и остранување на пречките со кои досега се соочувале.

-Со говорната синтеза многу се подобрува и се олеснува секојдневниот живот на слепите лица во домот, при движењето, при учењето, за вработување, да може да си ги завршуваме сите работни обврски без никакви проблеми да да можат да остваруваат свои приходи, рече претседателот на Националниот сојуз на слепи, Жарко Селковски.

Со ова дигитално помагало, додаде, ќе бидеме посамостојни во работа и со телефонот и со компјутерот.

извор: MИА

Next Post

Грант до 15.000 евра преку бескаматната линија „Ковид 4“ вредна 10 милиони евра

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk