Храм на демократијата, законодавен дом, претставничко тело на граѓаните, објект од витално значење за државата – ова се само некои од епитетите за Собранието. И тоа е така секаде низ светот, без разлика на политичкиот систем и независно од нивото на моќта кое го имаат парламентите во различни земји.
Коце Трајановски имаше повеќе од 8 години да воведе трамвај или БРТ во Скопје, а наместо тоа се одлучија да фрлат 700 милиони евра на стиропор, камен и бронза од криминалниот проект Скопје 2014.
Наставниците не треба да го предаваат учебникот, туку наставниот план, кој за прв пат има национални стандарди кои треба да се постигнат како резултати од учење. На наставникот е оставено да ја искористи креативноста и да се фокусира само на знаењето на учениците, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во дебатната емисија Отворено на ТВ 24.
Отсекогаш влада правеле оние кои имале политичко мнозинство. Замислите, сега имаме локални избори и градоначалници кои сега се на позиција да ги изгубат изборите, но потоа да се заклучат во кабинетите и да не ја предаваат функцијата на победникот од изборите.“- изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во „Само вистина“ на Канал 5
За прв пат добиваме закон во кој што јасно и прецизноно стои дека училиштата треба да обезбедат дигитален уред за учениците, но исто така за учениците коишто не можат да обезбедат дигитален уред, да ги добијат учебниците во печатена форма. За првпат станува збор за законски гарантирање на инклузивни учебници, или да имаме аудио верзија на тој учебник и да имаме учебник на Брајово писмо”, рече Царовска.
Не можам да стигнам на секој пост да одговорам, знам дека ме разбирате, (може во 4 сабајле кога ќе станам и ќе кликам ) но во името на сите здравствени работници кои нималку виновни се најдоа на крајно необјаснив, чуден па и навредлив удар, Ви се заблагодарувам на поддршката која во сите овие 15 а очигледно и натаму месеци и тоа како ни е значајна, нам ни е еден вид елан да издржиме.
Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат, информира Владата.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва потсети дека и покрај најновите мерки кои почнуваат од среда имаме забрана на групирање на повеќе лица од четири и има посебни протоколи за организација на настани што би се одвивале на отворен простор и сите мерки треба да се почитуваат.
„Мислам дека и политичарите, и новинарите треба да дадеме посебен акцент на настаните од 27 април, да ги осудиме пред се. Ние сме парламентарна демократија, а во неа граѓаните гласаат, избираат пратеници и власта ја добиваат оние кои се во ситуација да имаат парламентарно мнозинство.