ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Четири години потоа – 27 април никогаш да не се повтори

April 27, 2021 20:42
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Храм на демократијата, законодавен дом, претставничко тело на граѓаните, објект од витално значење за државата – ова се само некои од епитетите за Собранието. И тоа е така секаде низ светот, без разлика на политичкиот систем и независно од нивото на моќта кое го имаат парламентите во различни земји.
Звучи скоро незамисливо, токму институцијата која се опишува со горенаведените термини, да биде толку понижена преку брутален упад и нејзино демолирање. Но, го доживеавме и тоа. Не така одамна, на денешниот неславен ден пред четири години, се случи упадот во македонските собраниски ходници и сали. Сликите кои беа и сè уште се за неверување, ни удрија врела шлаканица за тоа колку е ранлива демократијата. Онаа македонската, уште толку повеќе. Демократијата, по дефиниција, таа е најнесовршениот облик на владеење, но најдобрата од можните понудени алтернативи. Баш тој четврток, црн и крвав, нè уверува најдобро во тоа. Транзицијата на власта, во политичката теорија, знае да се опише и како момент во кои страстите кулминираат, а македонското искуство не е единственото такво на кое светот сведочел. Од друга страна, она што е суштински различно е како јавноста и како позицијата, но и како опозицијата реагираат на ваквите случки низ белиот свет, а како кај нас.

Не ни е избледена ниту сликата од Вашингтон и тоа што таму на почетокот на јануари годинава го видовме. Меѓутоа, таму воопшто не беше занемарлив бројот на претставници на новата опозиција кои, јасно и недвосмислено, го осудија недозволениот упад во Капитолот. На другата страна од барата, македонската опозиција мака мачи да го оформи својот став околу настаните на 27 април 2017 година. Прво, тогашниот главен опозиционер повика сторителите да се изведат пред лицето на правдата и ја повика Јустиција да им ги протолкува дејствијата. Потоа, новиот кој дојде како прв од редот на опозиционерите, започна со негација на дејствијата. Во насока на зголемување на некаков иден коалициски капацитет говореше за некакво извинување, а веднаш потоа го воведе наративот „уставобранители“. За да може некој да биде бранител на нешто, па нека е тоа и Уставот, прво мора да го прочита истиот.

За поддршка на наводните уставобранители и родољуби, викендов видовме и опозициски протест. Особено разочарувачки беше на тој завчерашен протест да се видат и одредени опозиционери, кои се претставуваат себеси како прогресивното крило во македонската десница. Едноставно е, можеби токму од нив се очекува да укажат дека веењето на знаме кое одамна не е државно знаме на оваа земја, никако не може да не одведе до заклучокот дека напаѓачите на луѓето и институцијата пред четири години бранеле било што кое е атрибут на државава – а никако, македонскиот  Устав. Присуството на таков протестен собир, а претходно, на големо и на широко, кревање врева околу нужноста од одложување на пописот поради здравствената пандемија, уште повеќе ја истакнува нелогичноста со која опозицијата реши да ја одбележи четиригодишнината.

Лекциите кои како општество моравме да ги простудираме изминатите четири години се повеќе, но една е очигледно клучна – а тоа е дека на демократијата и се потребни демократи. Ова најмногу поради фактот што, неславни епизоди имало и ќе има, ама ние како граѓанство секојдневно зрееме и мора свесно да одлучиме со каков систем ќе возвратиме на ваквите нус појави. Тоа покажува колку демократски сакаме да одиме напред.

Терористичко загрозување на уставниот поредок, гласи називот на кривичното дело согласно Кривичниот законик за кое конкретни лица се гонат. Тоа е. И тука се и судските истанци кои се повикани и треба да ја одгатнат замката околу сите настани кои претходеа и следеа на крвавиот четврток. Ние, граѓаните, а уште повеќе политичарите, може и мора да придонесеме кон расветлување на тогашните настани и да ја испратиме пораката – никогаш да не се повтори.

Иван Дургутов

 

Next Post

Вечерен преглед: Првпат законски инклузивни учебници, осудените за 27 април треба да останат во затвор

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk