ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Дадени се насоки за постапки за реструктуирање на „Еурокомпозит“

April 28, 2021 12:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На последната владина седница е сменет претставникот на Владата во акционерското собрание на акционерското друштво во државна сопственост „Еурокомпозит“ и се дадени насоки дека ќе треба да се почнат постапки за  процес на реструктуирање, односно подготовка за евентуална продажба или репрограмирање и реструктуирање, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

На новинарско прашање какво решение и помош ќе се понуди за вработените во државниот загубар кои 1,5 година не зеле плата и немаат придонеси Битиќи рече дека со Министерството за економија работат активно и оти најверојатно за два месеца ќе има исход за конечно решевање на проблемот.

-Секој наш граѓанин е важен без разлика дали е млад или стар, без разлика  дали е во приватен или јавен сектор. „Еурокомпозит“ е компанија во државна соспственост и оперира по Законот за трговски друштва. За жал, таму состојбите не се добри подолг временски период, од 2017 година таму се влезе со план за реструктуирање  и се намали бројот на вработени од  над 100 на 48. Тие 48  се даде можност за нивно рестартирање, но за жал менаџментот не успеа тоа да го направи, рече Битиќи.

На последната владина седница, дополни, донесовме одлука и го сменивме претставникот на Владата во акционерското собрание и дадовме насоки дека ќе треба да се почнат постапките за  процес на реструктуирање, односно подготовка за евентуална продажба  или репрограмирање и  реструктуирање на  целото  претпријатие затоа што сметаме дека само така е соодветно и одржливо решавање на проблемот на оваа компанија.

-Тие во изминатиот период веќе беа вклучени во неколку пакети, но не може да се одговори секогаш соодветно на нивните барањата како што тоа го замислуваат тие затоа што менаџментот го има доведено претпријатието во навистина незавидна состојба. Но, работиме активно заедно со Министерството за економија најверојатно во наредните два месеца ќе имаме исход за конечно решавање на овој проблем, рече Битиќи, по прес-конференцијата во Владата за повикот „Стартапувај 3“ на ФИТР.

извор: МИА

Next Post

Шахпаска: Инвестирањето во силни и прилагодливи системи за БЗР, кои ќе одговорат на евентуалните предизвици по здравјето и безбедноста на работните места е од суштинско значење

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk