Откако формалните здруженија на средношколци јасно порачаа дека не стојат и не поддржуваат бојкот на наставата, се отвора прашањето кој стои зад организацијата на бојкотот кој деновиве се организира на Фејсбук. Според сведочења на родители, учениците и родителите доцна во ноќта добиваат пораки за повик на бојкот на наставата од поединци кое не претставуваат ниедно формално здружение, стои ли ВМРО-ДПМНЕ позади организацијата на бојкотот на учениците?
Во Собранието вчера споделив како се чувствувам околу потребата за соработка, како прв одговорен во извршната власт, вели Заев. За многу други закони сме застанати, очекувам да се направи исчекор за Законот за АВМУ, како и за Клиничкиот центар. Очекувам да се направи исчекор за сите 27 Закони, што се заглавени во Парламентот, додаде Заев.
За евентуално коалицирање за локалните избори во втората половина на октомври, СДСМ ќе соопшти во септември, по одржувањето на пописот, но претседателот на партијата Зоран Заев од сега повика на соработка.
Добро е што вмровците во 2021 почнаа конечно да сонуваат цивилизациски придобивки како брзи возови, поврзувања на градови, земји и региони. Порано сонуваа конгреси во Солун, обединети големи држави и воени триумфи над соседни народи. Некои од нив ги сонуваа сништата на малиот човек и на секои избори од 2006-та наваму ветуваа автопат до Охрид…Тие мораа да ги исполнуваат сништата на своите пастири, колку и да се болни.“, се наведува во Фејсбук објавата од Никола Наумоски.
Со цел проширување и доопремување на постоечката превентивна програма за контрола на туберкулозата во Република Северна Македонија, како една од најстарите превентивни програми во земјата, ТИКА донираше медицинска опрема. Институт за Белодробни Заболувања и Туберкулоза, Скопје благодарение на Турската Агенција за Координација и Соработка – ТИКА го реализираше проектот Мобилна Клиника. Министерот Филипче се заблагодари.
На македонските земјоделци им е многу полесно да одат по шалтери и во институции за да завршат работа, дури и во услови на КОВИД, отколку тоа да го сторат електронски. Најчесто се информираат и прашуваат директно, во подрачните единици, не сакаат да прочитаат сами, на интернет.
М. Миткоска