ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стои ли ВМРО-ДПМНЕ зад организацијата на бојкотот на учениците?

April 29, 2021 13:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Архивска фотографија од герила акција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, 2020 г.

Архивска фотографија од герила акција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, 2020 г.

Share on FacebookShare on Twitter

Откако формалните здруженија на средношколци јасно порачаа дека не стојат и не поддржуваат бојкот на наставата, се отвора прашањето кој стои зад организацијата на бојкотот кој деновиве се организира на Фејсбук. Според сведочења на родители, учениците и родителите доцна во ноќта добиваат пораки за повик на бојкот на наставата од поединци кое не претставуваат ниедно формално здружение.

Ваквото делување сè повеќе наликува на партиска организација која преку свои членови се обидува да креира конфузија меѓу родителите и учениците. Претставниците на групата на Фејсбук која се вика „Учебници и настава мора да има“ се декларираат како здружение кое стои зад оваа организација, непартиско и независно според нивните тврдења.

Но, состојбата на терен е поинаква. Имено, родители брифираат за Фронтлајн дека во училиштата главни организатори на сите активности и комуникации се лица поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници во советите кои всушност го подгреваат и организираат бојкотот. Ако се анализираат пораките и објавите кои се шират во оваа група, лесно може да се препознае целта на оваа операција.

Очигледно е дека се прави конфузија за тоа кои се вистинските измени на законот креирајќи слика дека учениците нема да имаат книги и пристап до учебници, но и дека наставата нема да продолжи во училиштата. Името на самата група создава забуна и јасно има за цел да ги изманипулира родителите, порачувајќи дека настава во училница мора да има, алудирајќи дека наставата е намерно прекината или пак дека некој има интерес да нема настава во училница.

Но тоа воопшто не е спорно ниту пак реформите предвидуваат учење онлајн, туку напротив поминување повеќе време на училиште со нови и проширени програми. Од МОН во неколку соопштенија порачуваат дека бојкотот е целосно неоправдан во услови кога реформите се во интерес на напредокот и развојот на образованието, дека идејата е учењето да се одвива во училниците а не пред компјутерите како што постојано сугерираат во Фејсбук групите и дека целата идеја за дигитализација на учебниците е образованието да се прилагоди на современите трендови и навики на младите.

Тим Фронтлајн

Next Post

Заев апелира за претстојните празници да се почитуваат мерките, дистанца, да се избегнуваат затворени простории и групирања

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk