ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Усвоени Годишниот извештај на НБ за 2020 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем

April 29, 2021 13:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Годишниот извештај на Народната банка за 2020 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2020 година се усвоени на денешната седница на Советот на НБ.

Во Годишниот извештај за 2020 година се дава детален осврт на извршувањето на целите и задачите на Народната банка во доменот на монетарната политика и зачувување на финансиската стабилност, како и на позначајните активности коишто Народната банка ги презеде во текот на минатата година.

Во рамките на Извештајот е нагласено успешното одржување на законски поставените цели на Народната банка, во услови на исклучително непредвидлив контекст предизвикан од пандемијата на ковид-19. Инфлацијата беше задржана на ниско и стабилно ниво, во рамките на монетарната стратегија на одржување стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото. Истовремено, показателите за стабилноста на банкарскиот систем го потврдија придонесот на Народната банка за одржување на вкупната финансиска стабилност во земјата, информираат од НБ.

Реакцијата на  Народната банка на шокот од 2020 година, стои во соопштението од НБ, беше брза и навремена и во насока на монетарно олабавување, регулаторна флексибилност и засилена комуникација со јавноста. Олабавувањето на монетарната политика беше направено во услови на комфорно ниво на девизни резерви и умерена инфлација, а заради одржување и стимулирање на кредитните текови и поддршка на економијата. Уште во првите месеци од пандемијата, Народната банка постепено ја намали каматната стапка, а беа преземени и повеќе мерки за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем.

– Имајќи ја предвид високата неизвесност и со тоа, можноста од затегнување на условите на финансиските пазари, од особено значење беше и одобрената репо-линија од ЕЦБ, со којашто се овозможи непречен и брз пристап до девизна ликвидност, доколку е тоа потребно. Воедно, беа воведени и регулаторни измени со коишто се овозможи поголема флексибилност на банките во процесот на кредитирање, а се олесни финансискиот товар на најпогодените субјекти. Во 2020 година, Народната банка имаше засилена комуникација со јавноста заради одржување на стабилните очекувања и довербата, во услови на криза. Оттука, за одбележување е што во една исклучително комплексна година, депозитите и кредитите на банките кај приватниот сектор остварија годишен раст од 5,7 проценти и 4,7 проценти, соодветно, наведува НБ.

Покрај активности за справување со економските последици од пандемијата, дополнуваат, во 2020 година Народната банка продолжи со работата на повеќе развојни проекти, насочени кон натамошно унапредување на статистичките податоци и објавувањето на статистиката на финансиските сметки, проширување на лепезата модели за носење одлуки со нов динамички стохастички модел на општа рамнотежа, натамошно зајакнување на регулаторната рамка во сите сфери од работењето (особено во банкарската супервизија и платните системи), поддршка на иновациите и дигитализацијата на финансискиот сектор, натамошни напори во доменот на финансиската едукација и инклузија, како и приближување до работењето на ЕСЦБ преку спроведениот твининг-проект во четири клучни области од работењето.

Во однос на Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2020 година, како што велат од НБ, податоците потврдуваат дека во услови на силна здравствена и последователно, економска криза, банкарскиот систем ја задржа стабилноста и придонесе за ублажување на последиците од ковид-кризата, остварувајќи притоа солиден раст на активностите.

На крајот на 2020 година, стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем изнесува 16,7 проценти, што е повеќе за 0,4 процентни поени во споредба со крајот на 2019 година. Растот на сопствените средства, пред сè како резултат на реинвестираните добивки и емисијата на нови акции, имаше најголем придонес за зголемувањето на стапката на адекватност на капиталот. Над 90 проценти од сопствените средства и во 2020 година отпаѓаат на редовниот основен капитал, којшто го претставува најквалитетниот сегмент од регулаторниот капитал на банките.

Извештајот посочува дека во 2020 година ликвидносната позиција на банките дополнително се подобри, поради растот на ликвидните средства. Следствено, потенцира НБ, поголемиот дел од показателите преку кои се следи и се оценува ликвидноста забележаа подобрување. Показателите преку коишто се следи квалитетот на кредитното портфолио на банките, исто така, бележат подобрување во 2020 година. Имено, учеството на нефункционалните во вкупните кредити се намали до историски најниското ниво од 3,4 проценти. Слично движење бележат и учествата на нефункционалните кредити во вкупните кредити на корпоративниот сектор и на домаќинствата, коишто на крајот на 2020 година изнесуваат 5,2 проценти и 1,6 проценти, соодветно.

– Според податоците објавени во Извештајот, домашниот банкарски систем и минатата година продолжи со профитабилно работење, што е особено значајно за одржување на капиталната позиција на банките, односно на нивната стабилност и отпорност, стои во соопштението.

извор: МИА

Next Post

Ангел Димитров: Ковид-19 не може по автоматизам да се смета за професионално заболување

EVN

НАЈНОВО

Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026
Фото: РФМ

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија до 2029 година

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Од „Трамп Србине“ до осуда: зошто српските режимски медиуми го сменија тонот по нападот врз Венецуела?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Еванџелин Лили откри дека има оштетување на мозокот по тешка повреда при пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави изјава за Венецуела потпишана од 26 од 27 земји-членки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk