Почитуван владико, како верски авторитет вие треба да бидете пример и први да застанете во заштита на здравјето на граѓаните, како и да не дозволите да ни се повторат грешките од минатото. Зачудува вашата негрижа за можните последици и ризиците кои ги носат одредени обичаи. Додека останатите верски институции во соседството и пошироко ги преземаат сите мерки за заштита и ги прилагодуваат обичаите, вие го правите спротивното. Моите лични напори да обезбедиме дијалог и заеднички став за тоа како да го заштитиме населението за време на празниците очигледно за вас ништо не значат.
„Не се тролај“ е победничката идеја на тридневниот хакатон, на кој учествуваа млади луѓе од неколку градови од Македонија, поделени во 3 тима. Најдоброто предлог-решение го третира проблемот со „тролингот“ на социјалните медиуми, како еден од најчестите облици на сајбер малтретирање по различни основи. Победничкиот тим понуди решенија за креирање и промовирање на „troll-free“ средини на социјалните медиуми, преку утврдување кодекс на однесување што ќе го превенира „тролингот“, особено кон девојчиња и жени активни на социјалните медиуми.
Првата фаза од процесот на издавање безбедносни сертификати за над 220 функционери и раководители во служби и министерства кои имаат контакт со класифирани информации треба да заврши наредниот месец, најави претседателот на државата Стево Пендаровски, во интервју на телевизија Канал 5, зборувајќи за неговата посета на Брисел.
Вкупно 200.000 вакцини „Синофарм“ купени во директните преговори со производителот, ќе пристигнат изутрина во 05:00 часот, информираа попладнево од Министерството за здравство.
Битиќи, како што соопштија од Владата, истакнал дека јавниот повик е објавен денеска со што мерката три од шестиот пакет е операционализирана и на околу 6.000 компании кои вработуваат околу 17 илјади лица, им се стават на располагање 9,9 милиони евра. Станува збор за угостители регистрирани со шифра на приоритетна дејност 56.10, 56.29 и 56.30.
Откако се случи блокадата од Бугарија, ќе го обновиме предлогот да се вклучат неколку експерти од страна во работата на комисијата историчари, но и да се разграничи што е историски, а што политички критериум за влез во ЕУ, изјави претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на телевизија Канал 5.