ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Млади иноватори со идеи за превенирање на „тролингот“ и едукација за медиумската реалност

April 29, 2021 20:01
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Не се тролај“ е победничката идеја на тридневниот хакатон, на кој учествуваа млади луѓе од неколку градови од Македонија, поделени во 3 тима. Најдоброто предлог-решение го третира проблемот со „тролингот“ на социјалните медиуми, како еден од најчестите облици на сајбер малтретирање по различни основи. Победничкиот тим понуди решенија за креирање и промовирање на „troll-free“ средини на социјалните медиуми, преку утврдување кодекс на однесување што ќе го превенира „тролингот“, особено кон девојчиња и жени активни на социјалните медиуми. Целта е да се воспостави еден вид саморегулација на различните заедници на социјалните медиуми, кои треба да го прифатат кодексот на однесување за да станат и да бидат обележани како „troll-free“ средини, безбедни за корисниците.

И преостанатите два тима понудија исклучително квалитетни и интересни идејни решенија на тема „Јуниор Детектив“ и „Избери ги твоите вести“. Идејата „Јуниор детектив“ нуди сет од решенија за едукација на учениците за основните принципи на медиумската писменост преку едукативни игри, разговори со нивните омилени инфлуенсери  и кратки интерактивни предавања за светот на медиумите и медиумската реалност. „Избери ги твоите вести“ претставува идејно решение за мобилна и десктоп апликација која ќе понуди едукација за медиумската писменоста и алатки за информирање на младите околу можностите за поактивно вклучување во јавната сфера.

Хакатонот „#YouthForMILSolutions“ се одржа од 26 до 28 април 2021, во рамки на регионалниот проект „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиуми“, што го спроведуваат неколку медиумски организации од Западен Балкан, меѓу кои и МИМ, со финансиска поддршка од Европската Унија.

За време на хакатонот, учесниците разменуваа идеи и се натпреваруваа во користење на знаењата од областа на медиумската и информациската писменост. Целта беше да осмислат иницијативи и иновативни решенија за ефективно препознавање и наменско користење на информации од јавно

 

ss7 web

дополнителните медиумски извори, како и да понудат решенија за сузбивање дезинформации и други негативни појави на дигиталните медиуми. Во текот на првиот ден учесниците се запознаа со неопходните чекорите што треба да се поминат за една идеја да стане реалност, како и со клучните техники за презентирање на  идеите пред заинтересираните страни. Преку практични вежби се подготвуваа за она што следи – осмислување и презентирање на сопствени идејни решенија.

На вториот ден од хакатонот учесниците дознаа корисни совети како да се заштитат од дезинформации и како да ги „продадат“ своите идеи со користење алатки за визуелизација и за креирање мултимедијални презентации.

За време на финалниот работен ден, младите иноватори ги финализираа идејните решенија и ги презентираат пред жирито. Учесниците понудија исклучително квалитетни идеи, детално разработени, со конкретни чекори за реализација.

Предлог-решенијата значително можат да им помогнат на младите во подигнување на свеста и унапредување на знаењето за светот на медиумите, за опасностите кои ги демнат во дигиталната реалност, како и за основите начини на безбедно користење и споделување информации на интернет.

 

извор мим.орг.мк
Next Post

Став на министерот за здравство д-р Филипче, за изјавата на Владиката Петар

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk