Со помош на три автоцистерни, ЈП Комунална хигена извршија рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Ѓоргија, Св.Илија, Св.Архангел Михаил, Св.Петар и Павле, Св.Спас и др, известуваат од ЈП Комунална хигиена.
Во пресрет на најголемиот христијански празник-Велигден, се реализираа вонредни активности за одржување на максималното ниво на хигиената на верските објекти коишто во текот на празничниот викенд ќе ги посетат голем број граѓани.