Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека жрепката со која ќе бидат одредени групите за Европското првенство 2022 ќе биде извршена в четврток во Виена, откако во неделата беа комплетирани сите учесници на завршнио турнир.
Она што може да ги радува љубителите на ракометот во регионот е фактот дека Србија, Хрватска, Словенија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе учествуваат во прегледот на најдобрите селекции на Стариот континент.
Македонските ракометари своето седмо учество на европските првенства го остварија со ефект од пет победи и еден пораз, завршувајќи како второпласирани во квалификациската група 7.
Хрватска обезбеди пласман на Европското првенство, со пласманот на претходното Европско првенство, Македонија и Србија беа сигурни пред последното коло, а Црна Гора, Словенија и БиХ ја постигнаа својата цел во последното коло.
Натпреварот да се биде или не, го одигра Босна и Херцеговина, која беше поразена на гостувањето кај Австрија со 27:23 (15:11). Во тој момент требаше да се совпаднат многу резултати за БиХ да стигне до Европското првенство, како една од четирите третопласирани селекции.
Тоа и се случи. Црна Гора ја победи Романија, Португалија беше подобра од Литванија, Македонија од Швајцарија, Франција и Германија ги победија Грција и Естонија, па Босна и Херцеговина ќе биде учесник на првенството на најдобрите селекции на Стариот континент.
Словенија не дозволи изненадување во дуелот со Турција, тие славеа со 39:24 (19:11), па го потврдија местото на Европското првенство. Најефикасни кај Словенија беа Гаспер Маргуч и Борут Маховшек со по шест поени и Вид Потеко со пет погодоци.
Победи и Црна Гора, која имаше огромни проблеми со повредите и коронавирусот, а мечот на одлука против Романија го играше без Милош Вујовиќ, Стеван Вујовиќ, Стефан Шавор, Радојица Чепиќ и Арсениј Драгашевиќ.
Покрај македонската репрезентација, и домаќините Словачка и Унгарија, пласман на завршниот турнир во јануари идната година обезбедија и Данска, Шпанија, Хрватска, Србија, Германија, Шведска, Русија, Словенија, Белорусија, Норвешка, Португалија, Франција, Исланд, Чешка, Холандија, Австрија, Црна Гора, БиХ, Полска, Литванија и Украина.
Ј. Ѓ.