ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Мора да го подобриме образованието за децата да не бидат функционално неписмени

May 5, 2021 19:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
 Совршен систем не постои никаде во светот, ни во нашата држава. Ни денес не е совршено образованието и нема да биде во догледно време, но првиот чекор на подобрување мора да го направиме затоа што сите истражувања покажуваат дека нашите деца остануваат функционално неписмени. Согледани се сите проблеми и се оди чекор по чекор, истакна министерката за образование Мила Царовска во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Таа нагласи дека во процесот на осовременување на образовниот систем мора да се вложува и да се инвестира.
Царовска потенцираше дека целата дебата околу дигиталните учебници се пробува да се измести од нејзиниот колосек.
– Дигиталниот учебник не нужно значи пристап до интернет. Тој е поставен на одреден електронски уред и ученикот во својот дом ќе може да го користи. Ученици кои ќе добијат таблети ќе може да ги користат во домашни услови без разлика на пристапот до интернет. Но, да не заборавиме дека имаме и една група на ученици кои немаат пристап ни до електрична енергија во своите домови, а оваа година ни се покажа дека такви се дури 1300 и за нив оваа година, иако сме целосно онлајн над трето одделение, обезбедивме целосно учење во училиште. Исто така на овие ученици кои немаат пристап до електрична енергија ќе им обезбедиме пристап и до дигитален уред во училиштето, но од друга страна и опција печатен учебник кој ќе го добијат од училиштето, посочи министерката за образование.
Околу тоа, како ќе се одредува на кои ученици им е потребен електронски уред Царовска рече дека во оваа држава има систем и училишта кои имаат административни служби и секој родител остава информации при влез и упис на ученикот.
– Дополнително секое досие има социјална слика која што укажува на тоа дали ученикот има или нема потреба. Секое училиште ги следи семејствата и знае, но значајно е сепак и да го постави прашањето, на крајот тие заедно со целиот тим ќе си определат и кажат ова е процентот на електронски уреди кои се потребни за да понатаму може ученикот да ја следи наставата, а родителите немаат можност истото да му го обезбедат, истакна Царовска.
извор: МИА
Next Post

Царовска за ТВ 21: Создаваме современо образование коешто ќе понуди еднаква стартна позиција за секое дете

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk