ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кон активирање реални решенија за управување и намалување на ризиците од катастрофи заради екстремни климатски настани

May 5, 2021 12:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter
Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска на панел дискусија, зборуваше и одговораше на прашања поврзани со тематиката „Управувањето со ризици и кризи, вклучувајќи ги и оние предизвикани од климатските промени што се во рацете на Центарот за управување со кризи и колку и дали Македонија е подготвена за спречување на последиците од климатските промени“, потоа и за прашањето дали повеќе превенираме ризици и кризи или работиме на санација на штетите (05.05.2021).

Конкретно, во рамките на првата панел дискусија со високи претставници на засегнатите страни, што се пренесува во живо преку интернет медиумите и е организирана од УНДП, (UNDP), експертите и функционерите зборуваа за актвиностите на УНДП  и на Владата на Република Северна Македонија за управување и намалување на ризиците од катастрофи, поточно за темата „Отпорност на екстремни климатски настани за да се активираат реални решенија во управување со климатските екстремни настани во земјата за управување и намалување на ризиците од катастрофи.“
Покрај Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), на панел дискусијата беа поканети за учество и: г-дин Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, Г-ѓа Сибил Зутер, Амбасадорка на Швајцарија (Ms. Suter, Ambassador of Switzerland), г-дин Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство кој преку видео обраќање ќе одговори на нашите прашањата. Третиот ден од настанот „#ВозможноЕ“ беше планирано учеството на висок претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП (UNDP) г-ѓа Аги Верес, која ја врши функцијата Заменичка на Регионалната директорка за Европа и Централна Азија која е е вклучена во дискусијат преку видеоконференциска врска.
Инаку, агендата предвиде да се оствари Панел дискусија со високи претставници на засегнатите страни: активности на УНДП и на Владата за управување и намалување на ризиците од катастрофи. Од друга страна, се остваруваше и Панел дискусија со експерти: Локални предизвици и можности за намлување на ризикот од катастрофи. Прашањата од граѓанскиот сектор и/или од медиумите беа обезбедени однапред.  Претставниците на невладините организации и медиумите се поврзуваа преку видеоконференциска врска за да ги постават своите прашања и да се приклучат на разговорот во живо. Експертите и високите претставници одговараа на поставените прашања а и на прашањата во форма на претходно снимени видеа или пак само испратено аудио или прашања, во живо, како и на прашањата од социјалните медиуми.
  Дел од прашањата на коишто Ангелов, како прв шовек на ЦУК, одговораше, се следните:
– Г-дине Ангелов, колку и дали Македонија е подготвена за спречување на последиците од климатските промени?
Дискусијата на тема “Климатски промени” во последните години добива на актуелност како на глобално, така и национално ниво. Кога се поставува прашањето дали Македонија е подготвена за спреување на последиците од климатски промени, мораме да бидеме свесни дека станува збор за потреба од сеопфатни мерки и активности кои се превземаат од страна на повеќе ресорно надлежни органи, односно постои потреба од меѓуресорски координирани стратегии, политики и планови. Климатските промени предизвикуваат влијанија и последици во многу сектори, како што се: земјоделство, шумарство, водостопанство, животна средина, топлотни и студени бранови, ефекти врз здравјето и животот кај луѓето, животните и растенијата, производство и снабдување со храна, обезбедување со енергија, процеси на миграции, ризици од природни непогоди па се до причини за судири заради пристап до животни ресурси. Во однос на спречувањето на последиците од климатските промени најшироко применувана Стратегија е “адаптација или прилагодување” на негативните влијанија од климатските промени и дефинирање на конкретни мерки за прилагодување на сите сектори кои се засегнати (земјоделство, производство на храна, искористување на водниот режим и сл.).
– Дали повеќе превенираме ризици и кризи или работиме на санација на штетите?
Основна надлежност и мисија на Националниот систем за управување со кризи и Центарот за управување со кризи е насочена кон превенција и рано предупредување за сите ризици кои може прераснат во кризи и катастрофи и да резултираат со предизвикување на штети. За таа цел ЦУК изработува и ажурира Процена на загрозеност за подрајата на општините, градот Скопје и Р. С. Македонија од сите ризици и опасности. Оваа процена се изработува во законски регулиран и институционално организиран процес на комуникација, координација и размена на податоци и информации. Основната цел на изработката на процените е заради навремена идентификација на сите актуелни и потенцијални ризици со цел истите да се превенираат и навремено да се информираат надлежните субјекти кои треба да ги превземат потребните мерки и активности. Тука ќе мораме да се сложиме дека идеална превенција и избегнување на сите ризици не е можна, така да системот за управување со кризи неминовно мора да гради и одржува капацитети за справување со кризи и катастрофи и соодветно на тоа да организира и процес на санација на штети и посткризна рехабилитација.
– Г-дине Ангелов, дали би можеле да издвоите еден пример за успешно решена кризна состојба предизвикана од екстремни климатски настани?
Во досегашното 15-годишно постоење на Центарот за управување со кризи сме се соочиле со повеќе ризици кои се поврзани со влијанија од климатските промени, како што се екстремни временски состојби со изразени високи температури за време на летните месеци. Овие состојби во голема мерка го зголемуваат ризикот за избувнување на шумски пожри и пожари на отворен простор кои загрозуваат големи шумски површини, ги уништуваат шумските видови и предизвикуваат долгорочни последици по животната средина. Заради ефикасно справување со големи шумски пожари во повеќе наврати биле прогласувани кризни состојби на целата територија на државата (2007) или на нејзини делови (2017) со цел да се обезбеди координиран пристап во превземените активности и рационалност во искористувањето на националните ресурси. За жал има и случаи кога националниот систем не бил во можност ефикасно да одговори на катстрофи предизвикани од екстремни временски феномени како што беше настанот со поројните поплави во близина Скопје (Стајковци и околината) во 2016 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Српска жандармерија насилно пред Правен факултет во Белград. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

July 3, 2025
Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk