ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МЗ:Уште еден безуспешен обид на Мицкоски да го компромитира процесот на набавка на вакцини

May 5, 2021 15:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Исплатите кои Министерство за здравство ги врши се транспарентни и објавени на страницата на отворени финансии. Toa што Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска, го споделил пред медиумите, претставувајќи го како афера, или документ до кој дошол, е достапен податок на секој граѓанин кој би ја отворил страницата на open.finance.gov.mk Министерството за здравство уште од самиот почеток за време на водење на преговорите, набавката и текот на испорака на вакцините, транспаренто ги информира граѓаните за целиот процес. За законитоста на целиот процес, говори самиот факт што договорите, како и плаќањата на сите набавени вакцини поминуваат на затворена седница на Влада. Ова доволно кажува колку процесот за купување вакцини е законски, без никакви недоследности или пак провизии кои ги измислува ВМРО ДПМНЕ. Колку за потсетување на јавноста, ВМРО ДПМНЕ во март пласираше фалсификуван документ, тврдејќи дека Министерството за здравство на 21 јануари, платило 12,5 милиони евра за набавка на вакцини, а денеска со документ испринтан од сајтот на отворени финасии каде се сите исплати на МЗ тврди дека Министерството во февруари, платило 7,8 милиони евра за вакцини. Многу непрецизно за еден прецизен математичар како што милува да каже за себе претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски.

Министерството за здравство многу пати досега информираше дека клучен сегмент од договорите за набавка на вакцините против Ковид 19 е тоа што секоја држава па и нашата се обврзува на доверливост на склучените договори и примените информации. Сумите за набавка на вакцините против Ковид 19 се деловна тајна на производителите и нашата земја се обврзува да го почитува тоа, бидејќи во спротивно нема да бидеме во можност да купиме вакцини.

Убедени сме дека манипулативните политики на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ имаат една единствена цел да фрлат дамка на еден транспарентен процес и се обидуваат да наштетат на процесот на имунизација. Партијата на Мицкоски во серијата измислици и за вакцините набавени преку Ковакс механизмот ги лажеа граѓаните дека биле донации. Темите за пресконференции на ВМРО ДПМНЕ се повеќе се трошат. Жалиме што ВМРО ДПМНЕ не се радува што во нашата земја непречено се одвива процесот на имунизација. Жалиме што на Мицкоски и неговата ВМРО ДПМНЕ им сметаат насемани лица на граѓани задоволни од третманот од здравствените работници во вакциналните пунктови. Вчера во нашата земја стигна нова пратка вакцини купени во директни преговори со производителот Фајзер, секој нареден понеделник ќе стигнува нова пратка. Минатата недела во земјава стигнаа 200.000 вакцини од производителот Синофарм кои МЗ ги купи со директни преговори. Тоа се фактите, тоа не се измислени фалсификувани афери, тоа што го работи МЗ, се гледа и граѓаните го чувствуваат тоа.

 

Next Post

Битиќи: Ако е потребно во мај или јуни ќе следи седми пакет економски мерки

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk