ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Толковниот речник на македонскиот јазик достапен електронски на платформата makedonski.gov.mk

May 5, 2021 15:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Толковниот речник на македонскиот јазик во шест тома од денеска е достапен онлајн и бесплатно за користење на интерактивната платформа makedonski.gov.mk, која денеска ја промовираше Владата по повод 5 Мај – Ден на македонскиот јазик.

Авторите и редакцијата на Речникот ги подготвија печатените 4200 страници за електронското издание, откако по предлог на Советот за македонски јазик и на барање на Институтот за македонски јазик, Владата одлучи трајно да ги откупи материјалните права на составувачите на овој значаен лексикографски труд.  Министетството за образование и наука ја операционализираше одлуката, а Министетството за култура го стави онлајн-изданието на Толковниот речник во националната програма за „Годината на Конески“.

На 8 декември 2017 година, по повод Денот на св. Климент, со одлука на Владата беше промовирано достапно за јавноста електронско издание на Правописот на македонскиот јазик, кој исто така ќе биде достапен на новата платформа makedonski.gov.mk.

Владата денеска онлајн, од Спомен-собата на Мисирков во Институтот, го промовираше и електронскиот Толковен речник по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај,  востановен пред две години во чест на историскиот 5 мај 1944 кога е усвоена современата македонска азбука.

Денешната промоција е и во рамки на чествувувањето 100 години од раѓањето на Блаже Конески, што е и во календарот на УНЕСКО за меѓународни јубилеи во 2021, и во годината кога се одбележуваат 95 години од смртта на Крсте Петков Мисирков (1874-1926) – патронот на Институтот за македонски јазик.

На промоцијата се обраќаат претседателот Стево Пендаровски, кој е покровител на „Годината на Конески“, премиерот Зоран Заев, директорката на Институтот – Елена Јованова-Грујовска и  раководителката на проектот и главен редактор на електронското издание на ТРМЈ – Снежана Велковска.

извор: МИА

Next Post

Под строги протоколи и без верници во толпата ќе се одржи традиционалната струшка Литија

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk