ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во ера на дигитално општество, афирмацијата на македонскиот јазик е повеќе од потребна

May 5, 2021 20:30
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден, 5 мај во далечната 1945 година, усвоена е македонската азбука. Овој датум познат како Денот на македонскиот јазик ја претставува симболиката на создавањето на нашиот мајчин јазик пред цели 76 години, кога со решение на Президиумот на АСНОМ пристапено е кон усвојување на азбуката на македонскиот јазик како негово официјално писмо.

Времето во кое живееме е и време во кое македонскиот јазик се соочува со неосновани проблематизирања и оспорувања. Но, ако се вратиме назад, ќе видиме дека македонскиот јазик е тој кој ги помина сите нужни фази на создавање и кодификација, на пробив и препознавање, за  денес биде тоа што е – службен јазик на македонската држава.

Најдобрите аргументи за посебноста на македонскиот јазик можеби лежат во неговите уникатности, како што се буквите „ѕ“ и „ќ“, основањето на глаголскиот прилог со „-јќи“ и други специфики. Кодификаторот на македонскиот јазик, Блаже Конески, денес сосема заслужено стои како име на Филолошкиот факултет при нашиот најстар универзитет – УКИМ, ама славењето на неговите дела и творби, заслужуваат и многу повеќе. Ова особено во ерата на дигиталното општество во кое живееме, кога напливот од интернационализми е огромен, а афирмацијата на сопственото јазичко богатство е и повеќе од потребно.

Во таа насока, денешната промоција на електронското издание на толковниот речник на македонскиот јазик и овозможувањето дигитално пребарување низ оваа алатка, претставуваат силен чекор и испраќање јасна порака за заштитата на сопствениот јазик.  Различноста на македонскиот јазик во словенскиот свет и неговата изворност во светските семејства на јазици се покажани и докажани преку историското научно остварување кое потврдува дека Македонците се народ со богата лексика, традиција и наследство, кои не се среќаваат на друго место.

Обележувајќи го овој ден, не смееме да заборавиме дека говорењето на мајчин јазик претставува и човеково право, а неговата заштита е должност и на државата и на  самите граѓани. Да го негуваме и браниме сопствениот јазик, да ги почитуваме и јазиците на другите и да докажеме дека обединети заслужено припаѓаме на европскиот континент, географски, вредносно и јазично.

И. Дургутов

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk