ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Во ХС „Злетовица“ ќе се инвестираат преку 40 милиони евра

May 5, 2021 14:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 40 милиони евра ќе се инвестираат во ХС „Злетовица“ – проект со кој ќе се обезбеди вода за пиење за околу 100.000 жители од неколку општини во источниот регион, но ќе се реши и долгогодшиниот проблем со наводнувањето на 3.500 хектари земјоделско земјиште во општина Пробиштип.

Како што истакнаа денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа по увидот на зафатната градба за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци, КОВИД-пандемијата предизвика пречки во реализацијата на проектот, но не и негово стопирање.

Во ХС „Злетовица“ ќе се инвестораат преку 40 милиони евра. Засега нема прецизна временска рамка кога ќе се финализираат работите, но изградбата е почната, тече и се одвива во три фази: водоснабдување, наводнување и енергетика.

-Првата фаза предвидува стабилно снабдување со вода за пиење на околу 100.000 жители во општините Пробиштип, Штип, Карбинци, Лозово и Свети Николе. Во моментов вода за пиење од овој систем користат општините Пробиштип и Свети Николе. Во 2019 година, со поддршка на нашата и словенечката Влада беа инвестирани 1,2 милиона евра со што се овозможи проток на питка вода од 100 литри во секунда, рече Битиќи и нагласи дека се планирани дополнителни 6,5 милиони евра за квалитетно водоснабдување на останатите четири општини.

Во тек се, информира вицепремиерот, и градежните активности за зголемување на капацитетот на водоснабдување на Штип на 300 литри во секунда кои треба да завршат во септември годинава, како и активностите за обезбедување проток од 40 литри во секунда во општина Карбинци.

-За општините Лозово и Свети Николе се почнати тендерските постапки и набрзо ќе се избере изведувач на работите, додаде Битиќи.

Втората фаза од проектот, за обезбедување вода за наводнување, е проценета на околу 26 милиони евра. Средствата ќе бидат обезбедени преку поволен заем за кој државата веќе преговара со Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Министериот Хоџа се надоврза, истакнувајќи дека клучна улога во целиот овој проект имаат и чистите канали за наводнување.

-На нас останува обврската сите заедно да се вложиме за проектот поскоро да дојде до завршната фаза. Тешко е, панедмијата дополнително ги забави работите, но ние остануваме посветени на нашата цел. Со првата фаза од ХС „Злетовица“ за општините Штип, Свети Николе, Пробиштип, Злетово, Кратово, Лозово и Карбинци ќе се обезбеди континуирано снабдување на безбедна и питка вода. Втората фаза е од исклучително значаење за земјоделците и економијата и со неа ќе се реши долгогодишниот проблем со континуираното обезбедување доволни количини вода за одржување на земјоделлските површини во Пробиштип, истакна Хоџа.

Битиќи и Хоџа кои пред увидот во активностите се сретнаа и со градоначалниците на Пробиштип и на Свети Николе, Драган Анастасов и Сашо Велковски, како и со директорот на ЈП за извршување на водостопански услуги „Хидросистем Злетовица“, Миле Илиевски, уште еднаш нагласија дека Владата континуирано работи на подобрување на условите за живот, а врвен приоритет, потенцираа, е рамномерниот регионален развој.

извор: МИА

Next Post

Битиќи: Актуелните протоколи важат до 15 мај, до тогаш нема свадби

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk