ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев-Шахпаска: Пензионерите се важен сегмент во нашето општество, се грижиме за усогласување на пензиите и подобрување на социјалните услуги

May 6, 2021 12:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и Милан Живковиќ, советник на премиерот, за труд и социјална политика, денеска се сретнаа со претставници на Сојузот на здруженија на пензионери (СЗПМ), претседателката Станка Трајкова, придружувана од потпретседателот и секретарот на Извршниот одбор Ментор Ќоку и Менка Темелковска.

На средбата се разговараше за актуелната состојба и перспективите на пензионерите и возрасните лица, како многу значајна група на граѓани во општеството, при што беше истакнато дека Владата сериозно пристапува за што подобро совладување на актуелните предизвици кои се појавија во здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата од коронавирусот КОВИД-19.

Претставниците на Сојузот на здруженија на пензионери го поздравија позитивниот однос кон највозрасната категорија на граѓани, во насока на редовно и предвремено исплаќање на пензиите, кое се врши во одделни денови заради заштита на нивното здравје, како и опфаќањето на дел од пензионерите со Четвртиот пакет мерки и помошта која им беше доделена на оние со пензии до 15.000 денари.

Во насока на здравствената заштита, беше поздравена грижата за навремена вакцинација против КОВИД-19 по возрасни групи на оваа бројна категорија граѓани.

„Пензионерите ни се приоритетна категорија на граѓани во водењето на грижа и преземаме мерки и реформи кои се однесуваат на подобрување на нивниот животен стандард, развојот на посебните социјални услуги и стабилизација на пензискиот систем“, рече премиерот Заев додавајќи дека е отворен за соработка и унапредување и динамизирање на сите мерки кои ќе им помогнат за подобар живот на пензионерите, чија бројка во нашата земја изнесува вкупно 327.000.

Министерката Шахпаска информираше за преземените конкретни активности во насока на подобрување на социјалните сервиси за заштита и помош на пензионерите, за што како што подвлече има солидна соработка со локалните самоуправи во земјата.

„Ги заокружуваме активностите за засилување на капацитетите за сместувања на возрасни лица и пензионери и се преземаат конкретни пилот проекти во делот на социјалните сервиси, посета и грижа на пензионерите, дневни центри и пензионерски домови, за што имаме потпишано и договори за децентрализација а социјалните услуги со 19 општини во државата“, рече министерката Шахпаска.

На состанокот беше изразена подготвеност, соработката на Владата со Сојузот на здруженија на пензионери да продолжи во насока на динамизирање на системските активности, одржување на трендот на зголемување на просечната пензија, квалитетна здравствена и социјална грижа за оваа категорија граѓани со цел обезбедување квалитетен и достоинствен живот.

Беше заклучено дека соработката продолжува и во насока на целосно зајакнување на независноста и одржливоста на Сојузот и здруженијата на пензионери, кои се интегрален дел од СЗПМ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk