Денеска, Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), упати честитка во име на празникот на безбедноста во државата, а истовремено учествуваше и на првото бојно едукативно гаѓање со пиштол за вработени во ЦУК. Конкретно, во име на Празникот на безбедноста 7ми Мај, беше организирано и едукативно бојно гаѓање со пиштол за дел вработените во ЦУК на стрелиштето Камник.
Ова е прво вакво гаѓање во историјата на ЦУК и се предвидува да стане традиција и редовна активност, како едукативна, а и како актвност за градење и подобрување на меѓучовечките односи во дирекцијата – ЦУК, како што е тоа вообичаено во современото демократско општество во Светот.







