ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Од Институтот за македонски јазик самите понудија нови толкувањата за зборовите што предизвикаа соодветно на современиот лингвистички и општествен контекст

May 7, 2021 17:35
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик  „Крсте Петков Мисирков“ многу јасно и прецизно ги договорија улогите во подготовката на процесот и во поставувањето на севкупниот зборовен фонд од „Толковниот речник на македонскиот јазик“

„Толковниот речник на македонскиот јазик“ е научен труд и авторско дело на научниците македонисти и лингвисти од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ коишто се единствено стручни за оваа област и имаат и надлежност за содржината на речникот.

Владата на Република Северна Македонија, согласно својата програма за унапредување на македонскиот јазик ја реализираше дигитализацијата на вкупниот број лексеми, односно зборови, со единствена цел да им го доближи и да го стави на бесплатно располагање речникот на сите граѓани и на академската јавност во земјата и во светот, за тој редовно да се ажурира, да расте и да се развива, да се дополнува и менува.

Тоа значи дека платформата makedonski.gov.mk понатаму ќе се развива заедно со сите научни работници, лектори, македонисти, и други научници кои низ својата интердисциплинарна работа опфаќаат лингвистика, и кои ќе можат редовно да го ажурираат речникот, да го дополнуваат и менуваат, за истиот да расте и да се развива, а Владата и понатаму ќе ја има единствено улогата да го модерира техничкиот дел на процесот и да го одржува системот.

Во комуникацијата со Институтот за македонски јазик откако во јавноста се појавија реакции за одделни лексеми во речникот, првите луѓе на редакцијата и на институтот самите понудија толкувањата на зборовите што предизвикаа реакции да бидат привремено повлечени и многу бргу да во наредниот период бидат заменети толкувања соодветно според современиот лингвистички и општествен контекст.

За овој чекор согласност за содржината на соопштението даде и раководителката на проектот „Толковен речник на македонскиот јазик“ кое беше доставено до јавноста и до сите медиуми кои побараа дополнителни толкувања.

Владата на Република Северна Македонија, во комуникацијата со Институтот и со раководниот тим на толковникот, покажа висока почит и разбирање за стручноста и автономијата на научните работници и размената на мислења поврзана за реакциите се водеше во исклучиво контекст на социо-лингивистичките аспекти согласно современите општествени текови и прифатени вредности, и во таа насока понуденото решение за ново вредносно толкување, со целата почит кон методологијата на тимот научници, дојде токму од нив.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk