ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПИСМА

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025 22:32
in ПИСМА
Share on FacebookShare on Twitter

Африм Рамадани

Калето на Орашје (градиштето Собри) исчезнува пред нашите очи! Ќе останеме ли рамнодушни?

Овој симбол на историјата и полошката гордост е во мизерна, да не речам апокалиптична состојба. Овој илјадагодишен споменик, доказ за нашиот културен идентитет, се уништува од ден на ден, како од природни: климатски промени, ерозија, земјотреси, влажност, мувла, корења на дрвја, така и од човечки фактори: вандализам, непрофесионални интервенции, неконтролиран туризам,…,занемарување од страна на одговорни државни органи.

За жал, јас, ти, тој,…, тие, селото, општината, особено државните институции не покажуваат никаква грижа ниту одговорност за зачувување на ова многу скапоцено и незаменливо богатство. Како последица на сето ова, тврдината од „величествена дама“, се претвори во тажна урнатина.

Ќе дозволиме ли нашата историја да се распадне?

Овој храм не е само реликт од минатото, туку темел на идентитетот и извор на развој за иднината. Овој пример не е само локален проблем – туку е повик до сите нас да станеме свесни за важноста на оваа магична убавина и да дејствуваме за да ја зачуваме. Ако го изгубиме овој величествен украс, сме изгубиле дел од личноста, дел од себе.

Проблемот е итен!

Да го оставиме екстремното лицемерие зад себе и да бидеме реални. Да не изигруваме со нашето напуштено и анатемизирано Кале! Да не се фотографираме и снимаме на неговите разурнати ѕидови.

Зошто молчат соодветните државни институции – екстремен мистицизам?!

Нема ли човечност, љубезност,…, куртоазија? Дали е некому желба, на ова тврдина, во една многу блиска иднина, да му се изгубат трагите? Може ли некој да биде толку бездушен, суров? Тоа е многу болно за разумните луѓе, за разумниот свет! Многу е болно и за мене, но и за вас, меѓутоа, ситуацијата на терен го докажува истото!

Каде е повикот?  Што треба да се направи?

Потребна е висока јавна свест и силна институционална посветеност за да се спаси она што се уште може да се спаси. Орашкото Кале не заслужува да остане заборавена, да се распаѓа во тишина – на тоа му треба внимание, грижа и почит.

Acta, non verba!

Ако не дејствуваме итно, туку останеме пасивни гледачи „тивката кралица на вековите“ наскоро ќе се најде во бездна, и може да бидеме повеќе од сигурни дека за ова ќе одговараме пред Бога!

 Авторoт е професор по германски и судски преведувач) 


Текестот е личен став на авторот. Рубриката ПИСМА е наменета за писма од читатели на Фронтлајн.   

Next Post
Скриншот

Родриго Дутерте победи на изборите за градоначалник на Филипините додека е во притвор во Хаг

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk