ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Учениците од овој век и образованието од оној претходниот

May 7, 2021 10:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат полемиките околу најавените реформи во образовниот систем од Министерството за образование и наука. Од една страна, ресорното министерство, со сите сили, се труди да го возобнови македонското образование, преку кое, согласно сите релевантни меѓународни истражувања, се произведуваат ученици кои се функционално неписмени. Со други зборови, тоа значи дека ние се соочуваме со луѓе кои завршуваат средно, па дури и високо образование – додипломски, можеби и магистерски студии, но истите сепак имаат тешкотии со она основното – функционалната писменост.
Од другата страна, присутни се дел од родителите кои остро се спротивставуваат на било какво унапредување на образованието во македонските училишта. Групата на родители, која зборува во името на сите родители кои имаат деца ученици, во своите обраќања зборува со некакви ултиматуми и јасно става до знаење дека предложените реформи, според нив, не се потребни. Ваквиот став е проблематичен од повеќе аспекти, од кои еден е и правото на родителите, дел од нив родени и израснати во сосема друг, не дигитализиран контекст, да одлучуваат за „дигиталната“ иднина на своите деца.

Излегувањето од комфор зоната и од сивилото кое нашиот образовен систем го вади на виделина, несомнено е вистински предизвик. Додека, делумно може да биде разбирлив отпорот кон промени и кон нешто нетипично и ниво како дел од човековата психологија, сепак, крајните наративи и целосното негирање на нужноста од фаќање чекор со современите образовни текови е неразбирливо.

Факт е и дека дигитализацијата умее да доведе и до истакнување на нееднаквоста, но ако зборуваме за реалната состојба, ситуацијата ни говори дека и во сегашното не дигитализирано образование, еднаквоста знае да изостане и дискриминацијата знае да биде присутна. Оттаму, не се издржани гледиштата за тоа дека образованието треба да остане такво какво што е, а очигледно е дека истото не соодветствува на потребите на новите генерации, но и на новите општествени текови.

Дискусии се неопходни и различни светогледи се добредојдени секогаш и нема зошто контекстот на образовните реформи да биде исклучок. Но, крајно време е и да се согласиме дека не смееме да дозволиме децата родени во дигитално општество да станат заложници на бунтовниците против образовната дигитализација.

Иван Дургутов

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Интерес за вакцинација против Ковид-19, помалку хоспитализирани пациенти и активни случаи

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk