ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Лидерите на ЕУ сметаат дека клучниот проблем е производството и забраната за извоз на вакцини, а не интелектуалната сопственост

May 8, 2021 13:33
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на Европската унија денеска изјавија дека клучните пречки за масовно доставување на вакцини против коронавирус не се правата на интелектуална сопственост, туку забраните за извоз и недоволниот капацитет за нивно производство.

На дводневниот Социјален самит на ЕУ, што почна денеска во Порто, лидерите наведоа дека треба прво да се решат овие прашања пред да се разгледа американскиот предлог за укинување на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцините против коронавирусот, што треба да го забрза нивното производство и дистрибуција.

Францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на самитот, сумирајќи ја позицијата на ЕУ, рече дека на лабораториите кои не знаат како да произведат вакцина против коронавирусот, нема да им значи ништо да добијат право на интелектуална сопственост.

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја поддржа идејата на американскиот претседател Џозеф Бајден, но додаде дека таа не е доволна и оти треба да биде поамбициозна.

Додека САД беа многу скржави при извозот на вакцини произведени во таа земја, со цел прво да го имунизираат сопственото население, ЕУ стана водечки снабдувач на вакцини во светот, дозволувајќи од Унијата да излезат скоро онолку дози колку што се чуваат за нејзините 446 милиони жители, коментираат светските медиуми.

Макрон рече дека Бајден треба да поработи на тоа прашање.

– Англосаксонците (Вашингтон и Лондон) блокираат извоз на многу состојки потребни за производство на вакцини. Денес 100 проценти од вакцините произведени во САД се наменети за американскиот пазар, рече Макрон.

ЕУ повторно се обидува да преземе дипломатска иницијатива за прашањето за вакцините по неочекуваниот предлог на Бајден за укинување на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцините против коронавирусот.

Лидерите на ЕУ изјавија дека се подготвени да дискутираат за американската идеја, која први ја изнесоа Индија и Јужна Африка, но додадоа дека во моментов многу други иницијативи ќе бидат поефикасни, почнувајќи од зајакнување на производствените капацитети до дистрибуцијата на суровини.

извор: МИА

Next Post
ФОТО: МИА

Бочварски: До крајот на мај верувам дека ќе ја пуштиме првата делница од експресен пат Штип-Радовиш

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk