ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

May 8, 2021 09:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Незапирливи“ е мотото на годинашното одбележување на 8 Мај –  Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на македонскиот Црвен крст (8-15 мај 2021) и произлегува од активностите на оваа хуманитарна организација во изминатата година во справувањето со последиците од глобалната пандемија. 

– Слоганот на овој наш годинашен празник во голема мера се должи на напорите на нашето движење да одговориме на последиците од коронавирусот. Сè она што направија волонтерите и службата беше во функција да им се помогне на луѓето за подобро да се справат со пандемијата. Секој од нас игра важна улога во заедницата, таа да стане попријатно место за живеење и делување. Секое наше добро дело претставува чин за поттик на нашите граѓани да ни се приклучат во нашата мисија за да им помагаме на луѓето кои се нашле во незавидна положба. Сигурен сум дека, заедно, ќе продолжиме да бидеме незапирливи во нашите напори да изградиме похумано општество во кое достоинството и добросостојбата на граѓаните ќе биде најважно од сè, изјави претседателот на Црвениот крст на РСМ Ромел Велев. 

Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележува секоја година на овој датум во чест на Анри Динан, основоположникот на ова движење, кој е роден на 8 мај 1828 година.

Националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина низ светот на овој ден преку пригодни активности ја подигнуваат свеста за значењето на нивните основни принципи и вредности, организираат различни активности за привлекување нови членови и волонтери и за оддавање признание и благодарност на партнерите кои ги поддржуваат во хуманата мисија

извор: МИА

Next Post

Здружението Мацково реагира поради прекинување на финансиската поддршка за поетскиот камп за млади „Ванчо Николески“

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk