ВМРО-ДПМНЕ веќе два дена по ред испраќа политички проглас во јавноста, во кој ја спомнува набавената спортска опрема во Армијата, напиша Шекеринска на Фејсбук. За разлика од времето кога беа тие на власт, ние немаме што да криеме. Се е изложено на окото на јавноста и на експертите, додава таа.
Партиите досега не успеаја да се договорат за каков било предлог што би понудил решенија за подобри избори. Меѓутоа, неодамна, се чини дека е направен посериозен напор во овој правец, бидејќи работните групи составени од учесници на политичките партии и други експерти од оваа област ги продолжија преговорите за наоѓање решение. Но, деталите од овие состаноци не се соопштени на јавноста.
Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест на кој му се приклучија и други синдикални организации од (КСОМ). На протестот, кој го нарекоа „предгенерална проба“ како најава за влегување во еден вид работнички национален штрајк, од НСП побараа подобрување на условите за работа, повисоки плати, нови униформи и потпишување нов Колективен договор и нова систематизација.
Премиерно на Јутјуб видео спотот за навивачката химна посветена на македонската фудбалска репрезентација. Музиката и текстот се на Саше Љолес и Петар Младеновски, а аранжманот на Петар Младеновски, Саше Љолес, Никола Бочваров, Танче Гроздановски, Слободан Хаџи-Илиев.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 сè додека не се вакцинираат постарите лица и ризичните групи во сите земји.
М. Миткоска