ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сè додека не се вакцинираат постарите и ризичните

May 8, 2021 18:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Светската здравствена организација (СЗО) денеска оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 сè додека не се вакцинираат постарите лица и ризичните групи во сите земји.

– Би сакале да повториме дека приоритет треба да биде сите земји да добијат вакцина за високо ризични групи пред да се вакцинираат оние кои имаат многу помал ризик од зараза, рече Кејт О’Брајан, директор на одделот за имунизација и вакцинација на СЗО.

Предупредувањето доаѓа откако Канада во средата ги одобри вакцините на Фајзер/Бионтек за адолесценти од 12-годишна возраст па нагоре, со што стана првата земја што го стори тоа.

Следната недела се очекува истото да го направат и САД, а Германија најави дека до крајот на август ќе им понуди вакцина на сите над 12 години.

Проширувањето на кампањата за вакцинација на адолесцентите во побогатите земји може да ја зголеми нееднаквоста во дистрибуцијата на вакцините, нешто што СЗО постојано го критикува.

– Откако вакцините ќе бидат дистрибуирани на соодветен и правичен начин – така што секоја земја ќе добие доволно вакцини за приоритетните групи, ние силно ќе го поздравиме давањето вакцини на помладите генерации, рече О’Брајан

Шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус вчера ги повика богатите земји-членки на Г7 да дадат апсолутен приоритет на еднаквиот пристап до вакцините, нагласувајќи дека сегашната состојба е „неприфатлива“.

– Најважното нешто што сега ни треба се вакцините, рамноправност во вакцинацијата, рече тој, додавајќи дека пандемијата зема 100.000 животи неделно.

– Сите знаеме што треба да се стори за да се зголеми производствениот капацитет и со тоа имунизацијата во сите земји, рече шефот на СЗО.

Тој истакна дека „повеќе од 80 проценти од дозите на вакцини“ биле дадени во побогатите земји, додека најсиромашните примале само 0,3 проценти.

– Тоа е неприфатливо, ваквиот јаз е неприфатлив, заклучи Тедрос.

извор: МИА

Next Post

Протести на разединети полициски синдикти со исти барања

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk