ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Денот на Европа 9 Мај и годинава се одбележува во екот на пандемијата, но со бројни онлајн активности

May 9, 2021 09:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денот на Европа 9 Мај и оваа втора година по ред се одбележува во екот на пандемијата на Ковид-19. Поради рестрикциите, во Брисел и годинава нема да бидат отворени вратите за прослава на Денот на Европа, но нема да изостанат многубројните онлајн активности, меѓу кои и онлајн дебати со амбасадорите на Европската Унија.

Денот на Европа во државава денеска ќе се одбележи со многубројни активности, меѓу кои Квиз на знаење, Марш на Водно, панел дискусија…

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров ќе ја посетат канцеларијата на Еко Пошта, корисник на проектот ЕУзаОтпорност.

Како што е најавено, обраќање ќе има амбасадорот Гир, ќе бидат доделени наградите „Европејци на годината“, а ќе се одржи и дебата на средношколци од регионот со амбасадорите на ЕУ во земјите од Западен Балкан на фејсбук страниците на Делегацијата на ЕУ и Јуроп хаус.

Европското движење во Република Северна Македонија (ЕДРСМ) по повод Денот на Европа – 9 Мај денеска организира квиз на знаење за Европската Унија, на кој ќе учествуваат 16 студенти од универзитетите од целата држава. Квизот се состои од 30 општи прашања за Европската Унија, за државите членки, како и за процесот на пристапување на нашата земја  кон Унијата.

-Во квизот се важни знаењето и брзината, бидејќи побрзиот точен одговор добива поени. За секое прашање дозволено е да се размислува најмногу една минута. На крајот на играта, најдобрите тројца натпреварувач(к)и со најмногу поени ќе добијат парични награди. Вкупниот награден фонд е 350 евра, соопшти ЕДРСМ, кое дејствува во рамки на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел.

Квизот ќе се реализира преку плафтормата Kahoot од 14 часот и ќе биде пренесуван во живо на фејсбук-страницата на Европското движење во РСМ.

Европското движење денеска го организира традиционалниот Марш на Водно. Стартот на маршот традиционално е закажан пред Европската куќа во 9 часот со краток церемонијален дел кога претставници на Европското движење и на Делегацијата на ЕУ ќе ги разменат македонското и знамето на ЕУ, а на група планинари и други заинтересирани граѓани, како и членови на Европското движење ќе им бидат доделени мали ЕУ и МК знамиња.

Знамињата ќе се носат до врвот на Водно. На Средно Водно, пак, на учесниците ќе им се поделат вода и кроасани, но оваа година ќе биде изоставено традиционалното планинарско гравче.

Центарот за европски истражувања и анализи Еуропроспера, по повод 9-ти Мај – Денот на Европа, ќе организира панел дискусија на тема „Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: Република Северна Македонија и патот кон Европската унија“. На панелот ќе учествува Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Џабир Дерала – претседател на Здружение на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје и Џелал Хоџиќ – заменик директор на Агенција за остварување на правата на заедниците (АОПЗ).

По повод Денот на Европа, Здружението на граѓани Еко Логик, традиционално и оваа година организира „Вело родео“ настани кои се одржуваат во рамки на редовните активности на програмата „Вело училишта‘‘. 

„Вело родео“ настаните ќе започнат денеска во 11 часот кај Школка во Градскиот парк во Скопје, утре продолжуваат во Вратница, а задутре во Чешиново Облешево.

„Вело родео“ претставува концепт на организирање настани на отворено, кои имаат за цел промовирање на велосипедизмот, со акцент на унапредување на постоечките и стекнување со нови вештини кај деца од различни возрасти. 

Во текот на одржувањето на сите настани, ќе биде поставена и изложба на пристигнатите цртежи кои беа дел од ликовните конкурси објавени во 2019 и 2020 година.

Денот на Европа – 9 мај, е воспоставен како ден на сеќавањето на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв официјален чекор во создавањето на ЕУ. Тогаш Шуман го презентира предлогот за создавање организирана Европа, како опција за одржување на мирот на европскиот континент.

Предлогот познат како „Шуманова декларација“ се смета за почеток на формирањето на тоа што денес претставува Европската Унија.

Декларацијата била предлог за поранешните непријатели, Франција и Германија, да воспостават организација која заеднички ќе управува со нивните индустрии за јаглен и челик, со цел војната во Европа никогаш да не се повтори. Првично, активностите се однесуваа на создавање заеднички пазар за јаглен и за железо на земјите основачи – Германија, Франција, Белгија, Италија, Луксембург и Холандија.

Денес ЕУ ја сочинуваат 27 земји членки, откако Велика Британија по т.н. Брегзит официјално излезе од Унијата на 1 февруари минатата година. Оваа година Денот на Европа ширум светот ќе се прослави генерално онлајн преку најразлични активности со цел да се оддаде почит на солидарноста на многуте Европејци кои помагаат во борбата со корона кризата.

извор: МИА

Next Post

Планинарски марш на Водно

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk