ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груби: Ние направивме сè, редот е на ЕУ

May 9, 2021 12:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашите граѓани немаат што повеќе да направат, што повеќе да придонесат, што повеќе да жртвуваат за европскиот сон, поради тоа што ги направивме сите потребни и непотребни компромиси, вклучително и најапсурдните, за да заслужиме членство во европското семејство. Затоа сега е ред на Европската Унија, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓи заедниците Артан Груби.

На панел-дискусијата „Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: Република Северна Македонија и патот кон Европската Унија”, која по повод Денот на Европа ја организираше Центарот за европски истражувања и анализи „Еуропроспера“, Групи истакна дека сега е на тест европската храброст зашто сега се загрозени европските вредности.

– Очекуваме иста храброст од европските лидери која тие ја бараа од нас последниве две децении, од Охридскиот Договор до уставните измени, без одлагање, без оправдување, рече тој, нагласувајќи дека тоа не е само одлука за европската иднина на Северна Македонија, туку е одлука и за опстанокот на сонот и иднината на Европската Унија.

Според него, 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор и 30-годишнината од независноста на  државата се два момента на длабока општествена трансформација кои, како што рече, „колку што се одвоени, толку се сплотени – моменти на еден национален, регионален и европски 9 мај“.

Во обраќањето Груби се осврна на Охридскиот договор посочувајќи дека во неговата суштина тој е вредност на Европската Унија и е единствениот целосно успешен мировен договор, гарантиран од ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ,  целосно имплементиран во нормативниот дел кој придонесе за нашата европска иднина.

– Од денешна перспектива гледаме колку апсурден беше тој отпор, тие протести, тие закани, тие стравови. Секогаш велам, колку е полојална државата кон граѓаните, толку се полојални граѓаните кон државата. Еднаквото општество, кон кое се стреми Охридскиот договор придонесе државата да ја чувствувам за моја и да се залагам колку што се залага и премиерот Заев, и претседателот Пендаровски за доброто на нашата заедничка татковина, да ја чувствувам како моја, додаде првиот вицепремиер.

извор: МИА

Next Post
ФОТО: МИА

Делегација од кабинетот на Пендаровски положи цвеќе по повод Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk