ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Иницијаторите за стопирање на законот за учебници чекаат покана за нова средба од МОН

May 9, 2021 18:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Иницијаторите за стопирање на носење на новиот закон за учебници за основно и средно образование, здружени во фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има“, од МОН чекаат покана за нова средба откако првата во четвртокот заврши без заклучок односно со ветување дека повторно ќе бидат поканети.

Претставничката на групата Драгана Спасевска изјави за МИА дека викендов не добиле покана за нова средба и дека ќе почекаат до утре попладне, до завршување на работното време на МОН, а дотогаш нема да ја бојкотираат наставата. Доколку не се оствари најавената повторна средба, рече дека ќе ја известат јавноста за следните чекори.

-Утре ќе бидам во Скопје и ќе чекам до крајот на работното време. Ако не биде, ќе ве известиме за понатаму, рече Спасовска.

По средбата пред три дена таа за медиумите изјави дека претставниците од МОН не биле компетентни за сите нивни барања и дека треба да бидат вклучени претставници од Бирото за развој на образованието и од СОНК.  На средбата, на која не присуствуваше министерката Мила Царовска, им било кажано дека по консултации со БРО, одново ќе ги поканат од понеделник на средба.  Тогаш таа најави дека ќе протестираат доколку нема средба за нивните барања до почетокот на идната недела.

Фејсбук-групата има над 70 000 приврзаници кои, според Спасовска, се „гласот на родителите“. Од пред десетина дена повикуваат на бојкот на наставата – бараат хартиените учебници да останат во употреба за сите одделенија во основното и средното образование и задолжително нивни претставници и од граѓанскиот сектор да учествуваат во работна група за измени во Законот. Покрај ова, имаат и уште неколку други барања.

Министерството за образование и наука по средбата со претставниците од групата во четвртокот соопшти дека како за сите останати реформски процеси, така и за Законот за учебници, консултира и го слуша мислењето на сите засегнати страни.

-Сепак, во носењето на законското решение предност се дава на квалитет на наставата и повеќе бенефиции за младите, така што тоа не смее да биде причина за бојкот. Промените во основното образование ќе се случат, затоа што тоа не е самоиницијативна одлука на Министерството за образование и наука, туку е резултат на сеопфатни анализи на квалитетот на националниот образовен систем спроведени од кредибилни меѓународни организации. А исто така, промените се и барање на наставниците и на многу генерации на ученици, но и потреба која  ја наметнува современиот свет и глобалните образовни трендови со кои Северна Македонија конечно мора да фати чекор и да ги следи. информираше МОН.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Вистиномер: Тестовите за ковид-19 не се отровни, иако се стерилизирани со етилен оксид

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk