ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вистиномер: Тестовите за ковид-19 не се отровни, иако се стерилизирани со етилен оксид

May 9, 2021 19:08
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе медицински професионалци препорачуваат брисот од нос да се зема додека главата на пациентот е исправена. Стапчето мора да биде вметнато многу наназад, затоа што за добар примерок клетките и течностите мора да се соберат од назофарингсот. Па, бидејќи телото не е навикнато да има каков било предмет во тој дел, ова создава одредени реакции. Го активира лакрималниот рефлекс што значи дека ако брисот е земен правилно, ќе ви ги насолзи очите. Не боли, но е непријатно. Фактички ова е причината за чувството на непријатност при земањето на брисот, а не присуството на отровен етилен оксид, како што невистинито се наведува во овој пост на Фејсбук. Процесот на стерилизација е безбеден и врз медицинска опрема се спроведува со децении. Во овој процес се осигурува фактот дека етилен оксидот е ОТСТРАНЕТ од производот по стерилизацијата, односно дека го има во некои незначителни дози, пишува Вистиномер. 

Во овој пост којшто е споделен 65 пати, е објавено видео од земање на брис на женско лице. На снимката се гледа дека во моментот кога медицинскиот техничар го зема примерокот – брисот од носот, жената чувствува нелагодност и се поттргнува наназад. Ваквото непријатно чувство се должи на тоа што стапчето со памучен врв треба да се вметне подлабоко во носот. Но, во описот на видеото лажно се тврди:

Во самиот ковид тест има ЕО (етилен окдид),отров, затоа е ова.
Дело на сатаната.
Ковид измама

На интернет се објавени упатства за медицински професионалци како треба да се зема брис од грло. За оваа постапка се препорачува:

ГЛАВАТА НА ПАЦИЕНТОТ СЕ ФАЌА СО РАКА И ОТКАКО ДОБРО ЌЕ ЈА ОТВОРИ УСТАТА СЕ ДОВЕДУВА ДО ПОЛОЖБА ПРИ КОЈА ДЕЛОВИТЕ ОД КОИ ЗЕМАМЕ МАТЕРИЈАЛ СЕ ДОБРО ИЗЛОЖЕНИ НА СВЕТЛО. СО СТЕРИЛНА ШПАТУЛА СЕ ПРИТИСНУВААТ ПРЕДНИТЕ ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ЈАЗИКОТ И ПАЦИЕНТОТ ИЗГОВАРА “А”, ПРИ ШТО ТОНЗИЛАРНИТЕ РЕГИИ И ЗАДНИОТ ДЕЛ НА ЖДРЕЛОТО СТАНУВААТ ВИДЛИВИ И ПРИСТАПНИ. ТРЕБА ДА СЕ ВИМАВА ДА НЕ СЕ ДОПРЕ ЈАЗИКОТ И ЅИДОВИТЕ НА УСНАТА ПРАЗНИНА. ВО ТОЈ МОМЕНТ СЕ ПРЕБРИШУВА СЛУЗНИЦАТА САМО НА ФАРИНКСОТ И ТОНЗИЛИТЕ СО РОТИРАЊЕ НА БРИСОТ, ВНИМАВАЈЌИ ДА НЕ СЕ ПРОВОЦИРА РЕФЛЕКСОТ НА ГАДЕЊЕ И ПОВРАЌАЊЕ.

Брисот од носот пак, се зема со користење на многу тенко стапче кое поминува низ ноздрата, се зема примерокот од слуз од задниот ѕид на назофаринксот, што е местото каде се среќаваат носот и устата.

Како што и претходно пишувавме, правилниот начин да се земе брис од носот е важен, а за него има доста упатства. Повеќето медицински професионалци препорачуваат да се зема брисот додека главата на пациентот е исправена. Повеќе за тоа може да прочитате во нашата претходна рецензија.

Така што, медицинскиот техничар на видеото при земањето брис од носот, всушност вметнува долго стапче со многу мек врв во носот и го врти неколку секунди. Мекиот крај ќе го собере материјалот за анализа. Стапчето мора да биде вметнато многу наназад затоа што клетките и течностите мора да се соберат од назофарингзот за добар примерок. Телото не е навикнато да има каков било предмет во тој дел, па ова создава одредени реакции. Го активира лакрималниот рефлекс што значи дека ако брисот е земен правилно, ќе ви ги насолзи очите. Не боли, но е непријатно.

Фактички ова е причината за чувството на непријатност при земањето на брисот, а не присуството на отровен етилен оксид, како што невистинито се наведува во постот што го рецензираме.

Што е тоа етилен оксид и за што се користи?

Етилен оксид се користи за стерилизација на материјали коишто не поднесуваат високи температури. Предноста на оваа метода е тоа што може да се прилагодува притисокот и температурата што се прави со технолошки усовршена апаратура. Точно е дека ПЦР стапчињата се стерилизирани со етилен оксид и точно е дека овој гас е канцероген. Но, тоа што не е точно е дека самите стапчиња кои се стерилизирани се опасни или штетни по здравјето на луѓето кои се изложени на тестирање за детекција на ковид-19. Покрај стапчиња, со етилен оксид се стерилизира и завој, катетар, а по стерилизацијата на медицинската опрема, се врши и дегасификација што овозможува оптимално ниво на безбедност!

Процесот на стерилизација на стапчињата со кои се зема брисот за присуство на Сарс Ков 2 е строго регулиран со интернационални стандарди. Процесот на стерилизација е безбеден и врз медицинска опрема се спроведува со децении. Во овој процес се осигурува фактот дека етилен оксидот е ОТСТРАНЕТ од производот по стерилизацијата, односно дека го има во некои незначителни дози.

На следниот линк може да ја погледнете европската регулатива за употреба на етилен оксид.

Во САД, 50 проценти од медицинската опрема е стерилизирана на овој начин.

Одделот за јавно здравје во Велика Британија за овие лаги се изјасни  вака:

ЦИРКУЛИРААТ ЛАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ДЕКА ОД ТЕСТОВИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕТЕ КАНЦЕР. ТЕСТОВИТЕ ЗА КОВИД-19 СЕ РИГОРОЗНО ТЕСТИРАНИ И СЕ БЕЗБЕДНИ.

ПРИЧИНАТА ПОРАДИ КОЈА ШТО НЕ ПОСТОИ МЕСТО ЗА ПАНИКА ЛЕЖИ ВО ФАКТОТ ШТО ОТКАКО ЌЕ БИДЕ СТЕРИЛИЗИРАНО СТАПЧЕТО ЗА ЗЕМАЊЕ БРИС СО ЕТИЛЕН ОКСИД, ПОТОА СЕ ВРШИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА СУПСТАНЦАТА, А КОЛИЧИНИТЕ ШТО ОСТАНУВААТ НА БРИСОТ СЕ ВО РАМКИТЕ НА РИГОРОЗНО КОНТРОЛИРАНИ ГРАНИЦИ КОИ НЕ СЕ ШТЕТНИ И НЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ НИКАКВИ ЗДРАВСТВЕНИ ПОСЛЕДИЦИ.

Етилен оксид се користи за стерилизација, затоа што не ја оштетува опремата. Причината поради којашто девојката во видеото од постот се повлекува наназад, е што земањето на брис од носот е непријатно, затоа што стапчето се вметнува во назофарингсот, длабоко во носот.

Поради горенаведените факти, тврдењето дека тестовите за детекција на коронавирусот се отровни, го оценуваме како невистинито.

извор: META.мк

Next Post

Царовска: Инвестираме во инфраструктура и опремување на училиштата, за успешен старт на реформата на основното образование

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk