Очекувањата од денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ, од посетата на премиерот Зоран Заев на Брисел и средбата со претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лајен и од јунскиот Совет на ЕУ биле теми на денешната средба на делегација од Советот на Амбасадори со амбасадорката на СР Германија во земјата Анке Холштајн.
Како што соопштија од Советот на амбасадори, а во состав на делегацијата биле амбасадорот Мухамед Халили, како претседател на Советот, амбасадорката Александра Наќева Ружин, потпретседателка и амбасадорот Тихомир Илиевски, член на Извршниот одбор.
-Советот на Амбасадори ја поздрави и упати срдечна благодарност за силната и континуирана поддршка од СР Германија за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, и за принципелниот став околу нераздвојувањето на пристапните процеси на Северна Македонија и на Албанија. Двете страни изразија надеж дека во претстојниот неколкунеделен период, ќе биде најдено решение за обезбедување консензус помеѓу сите земји членки на Унијата за закажување на Меѓувладини конференции за отпочнување на преговорите за членство со двете земји, стои во соопштението.
извор: МИА