ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Короткая ска́зка о достоинстве и порядочности

Кратка приказна за достоинството и интегритетот

May 10, 2021 08:00
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, СКАНДАЛИ, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Утрото на 9 Мај, Денот на Европа, во близина на Универзалната сала во Скопје, истовремено се одржаа два настани. Едниот на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, а другиот на руската амбасада. На едниот настан се славеше Денот на Европа, а на вториот се славеше Денот на победата.

Имаше и трет настан, во селото Вратница, тетовско, каде што премиерот Заев и американската амбасадорка Брнз, се поклонија пред споменикот на петмината американски пилоти, чии авиони ги урнаа окупаторските сили на 26 август 1944 година. Двајца американски пилоти го изгубиле животот, додека преостанатите тројца ги спасило локалното население.

Руските баќушки, намерно или не, ја „рокнаа“ руската химна на својот разглас и го прекинаа Димитров додека говореше за раѓањето на Европската Унија. Вообичаено смирен, тој не се збуни, барем не премногу, па на англиски јазик само рече дека додека трае „ова“, ќе направи пауза. Елегантно, колку може да дозволи една таква приземна ситуација. Упадот на руската химна го нарече „ова“ (this). Таман.

Без оглед на тоа колку и на кој начин „судирот“ меѓу двата настани по повод Денот на Европа, 9 Мај, се должи на некоординираност, па и гаф на организаторите или беше недипломатска грубост и дрскост, не е многу важно. И едното и другото не се изненадувачки. Би било чесно руската страна да се извини, но тоа би било единственото изненадување во оваа ска́зка.

Веројатно, не е изненадување ниту реакцијата на дел од ноторните проруски ентитети, политички и невладини, на кои сè им е поважно од социјалната правда, иако се кријат токму зад неа. Тие отворено се израдуваа на тоа дека руската химна прекинала заеднички настан на наш државен претставник и Европската Унија. Според нив, Димитров „мораше да стои мирно на руската химна“. Па уште видео со недуховит наслов и коментар составиле, а го објави и партискиот орган на ултрадесничарската партија „Левица“, како и органи на други, слични партии кои непоколебливо стојат на „браникот на криминалот“.

Организаторите можеби погрешиле што дозволиле да дојде до овој инцидент, па треба уште еднаш да им се укаже дека треба да бидат повнимателни во иднина. Од Русите не може да се очекува нешто поинаку, освен да ја покажуваат својата бајатост и дрскост, иако може да им се покаже еден извесен прст од раката.

Останува едно, повеќе реторичко, прашање со многу јасен одговор: Какво достоинство и интегритет може да поседува некој што се радува на ваков инцидент и пакосно да коментира? Или, со други зборови: Колку ниско може да паднат „патриотите“, а притоа да мислат дека направиле којзнае што? Оставам секој посебно да си го даде одговорот како што мисли и чувствува. Во меѓувреме, јас ќе им го покажам споменатиот прст. И тоа со двете раце. Знам дека заслужуваат.

 


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е слободно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (извор и линк).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор беше голема цена, Бугарија се инспирира од него

July 4, 2025

Филипче: Мицкоски е виновен што на Македонија повторно и се оспорува идентитетот и јазикот

July 4, 2025

На „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концертна промоција „FIN Project“ и Тања Царовска на албум „Егрегор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk