ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

АСО: Бројот на претставки од незадоволни осигуреници зголемен за 56 отсто

May 11, 2021 10:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За првите три месеци годинава до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се поднесени 36 претставки од осигуреници кои не се задоволни од работата на осигурителните друшта од кои купиле полиси за осигурување.

За 56 отсто е зголемен бројот на претставки поднесени од осигуреници незадоволни од услугите на компаниите од кои купиле полиси за осигурување, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за првите три месеци годинава. Согласно со Законот за супервизија на осигурување секој осигуреник има право да поднесе претставка до АСО доколку е незадоволен од работата на компанијата од која ја купил полисата за осигурување.

-За периодот јануари – март осигурениците поднеле вкупно 36 претставки против осигурителни друштва наспроти 23 претставки поднесени во истиот период лани. Од поднесените претставки АСО во четири случаи одлучил во корист на осигурениците кои биле подносители на претставки, за 17 предмети постапката е во тек, а за две претставки е утврдено дека се поднесени без основ за постапување. Во девет случаи причина за претставката била висината на понудениот надоместок за компензација на настанатата штета. Тие претставки не се процесирани затоа што АСО не одлучува за висината за понудениот надоместок за штета. Во корист на компаниите се решени три од сите поднесени претставки, информираат од АСО.

Во првите три месеци претставки поднеле 30 физички лица и шест правни лица.

Од аспект на видот на осигурување најмногу претставки – 13 се поднесени за штети од автоодговорност (задолжително осигурување). За оштетни побарувања покриени со осигурување од незгода биле поднесени 10 претставки, а пет се однесуваат на незадоволни осигуреници од осигурување имот. Три претставки се за осигурување живот, а по една за патничко осигурување, каско осигурување и земјоделско осигурување.

Најмногу осигуреници вкупно 13 се жалеле на основот за исплата на штета. Деветмина на висината на понудениот надоместок, четворица реагирале на обработката на штетата, по една претставка има за рок на плаќање, одговор по приговор и висина на регрес. По останати основи се поднесени пет претставки.

-Во делот на осигурувањето неживот за „Уника“ се поднесени осум претставки, седум претставки има за „Винер неживот„, пет за „Граве неживот“, по две за „Халк Осигурување“, „Евроинс“ и „Еуролинк“. По една претставка е стигната за: „Сава“, „Триглав“, „Кроација неживот“, „Осигурителна полиса“ и за Националното биро за осигурување. Од компаниите за осигурување живот за „Кроација осигурување живот“ има три претставки. Во овој период нема претставки за „АДОР Македонија“, „Граве живот“, „Уника живот“, „Триглав живот“ и „Винер живот“, стои во информацијата од АСО.

Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на компанијата за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните друштва, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација на населението.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk