ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Метнар: Ја поддржуваме ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија, не ги споделуваме идеите за историската позиција на Бугарија

May 11, 2021 12:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Чешката Република ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија. Не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Северна Македонија во ЕУ, изјави денеска министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар на заедничка прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Чешката Република  го поддржува влезот на Северна Македонија во ЕУ, би сакале овој процес да се одвива со побрзо темпо. Со оглед на историските последици  понудив помош во комуникација и доколку има интерес би можеле да и помогнеме на Северна Македонија со наши искуства. Што се однесува на историските аспекти, Чешка исто така имаше проблеми со тоа. Ние ја поддржуваме Северна Македонија, не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Северна Македонија во ЕУ. Затоа што членството во евроатлантските структури ќе обезбеди поширока безбедност на целиот регион, рече Метнар на новинарско прашање за можното одвојување на Северна Македонија и Албанија во процесот на ЕУ интеграцијата.

Министерката за одбрана Шекеринска пак истакна дека отсуството на политичка влада со целосен капацитет во Бугарија е фактор, кој ќе влијае на процесите, но вели тоа не треба да влијае на нашиот ангажман за постигнување на целта.

– Ниту Европа, нуту регионот, ниту ние не можеме да чекаме сите избори да поминат. Ние мора да ја работиме нашата задача. Посетата на премиерот и владиниот тим, сите средби кои што ги правиме е да покажеме уште еднаш и да акцентираме дека тоа што требаше да се сработи од наша страна е сработено, дека покажавме огромен капацитет да дискутираме со нашите соседи и да наоѓаме решенија кои се посакувани од двете страни и се можни. Никој не може да се сомнева во нашата намера да создаваме добри меѓусоседски односи и ние тие аргументи ќе ги повторуваме секој ден и во секоја прилика. И се надеваме дека и Бугарија ќе биде подготвена час поскоро да се најде решение и да тргнеме напред, вели Шекеринска.

Овој регион ако ги чека да се завршат сите избори постојано ќе биде во статус кво кое што видовме колку чини во претходните  15 години.

-Ние имаме политички капацитет дека тој статус кво го ставиме под знак прашање и покажавме дека сме спремни за чекори кои што не доснесоа и до членство во НАТО. Затоа нашите аргументи ги споделуваме со нашите НАТО-сојузници зато што сметаме дека треба да се чујат, вели министерката за одбрана Шекеринска и се заблагодари за чешката поддршка на состаноците во ЕУ.

Чешка и Словачка, кон крајот на минатата година ги блокираа заклучоците на Советот на ЕУ во однос на проширувањето на Западен Балкан, поради несогласувањето со текстот во нацртот кој се однесуваше на Северна Македонија со референцата за „погрешно толкување на историјата“ и долгата форма на името на земјава, што беше побарано од Бугарија.

-Нема да дозволиме ЕУ да ни биде судија за заедничката историја, порачаа тогаш во заедничка изјава Словачка и Чешка.  Двете земји сметаа дека текстот содржел елементи, како и перцепција за фалсификување на историјата, што би било штетно на процесот на проширување и потенцијално може да донесе дополнителни компликации на патот.

извор: МИА

Next Post
Извор: suedtirolnews.it

Пронајдени 120 насади канабис во Демирхисарско

EVN

НАЈНОВО

МНР. Фото: Ангел Ангеловски

Македонското МНР со одговор на бугарското МНР: Бугарија се меша во нашите внатрешни работи со етикетирања

January 27, 2026
Фото: Скриншот

Нов инцидент: Пукање на агенти на ICE во Аризона, едно лице е во критична состојба

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Што е Војничевиот ракопис – мистеријата што одбива да биде прочитана

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk