На лагата и се кратки нозете, не требаше многу да помине за целата јавност да се увери кој се мотивите за целиот циркуз околу дигитализацијата во образованието, изјави на прес-конференција претседателката на Комисија за образование на СДСМ, Елизабета Наумовска.
Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ стојат зад бојкотот на наставата организиран од родителите.
„Информациите дека Драгана Спасевска, предводничката на групата „Учебници и настава мора да има“ која се спротивставува на реформите во образованието е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека зад бојкотот на наставата стои партијата предводена од Христијан Мицкоски.
Со ова се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ свесно злоупотребува ученици и родители заради партиски цели.
Потврдено е она што го зборувавме долго време, но и она што цела јавност го гледа – Зад повиците за бојкот, зад манипулациите и лажните вести за дигитализацијата стои ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ на штета на учениците и образовниот систем повикува на бојкот на наставата, шири лажни вести и измислици околу некакви провизии и тендери.
Апелираме до учениците и нивните родители, да не дозволат да бидат манипулирани и злоупотребени за партиски цели на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Бојкот на наставата е на штета на учениците кои губат од воспитно образовниот процес.
Случувањата после најавените реформи во образованието се само еден од повеќето мали пожари што ВМРО-ДПМНЕ ги потпалува за да создава тензии во општеството.
Се што ВМРО-ДПМНЕ прави е на штета на граѓаните, на штета на образованието во нашата држава. Образованието кое ВМРО-ДПМНЕ го остави по нивното 11 годишно урнисување денеска се реформира, се осовременува по европски стандарди.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со реформите кои обезбедуваат модерен, ефикасен образовен систем па затоа по секоја цена шири лажни вести, опструира и злоупотребува ученици и родители.
Заради таквото деструктивно однесување оваа партија шест пати губи на избори и токму заради таквото однесување ќе им следи нов пораз на локалните избори и овде во Битола и низ целата држава.“, наведе Наумовка на прес-конференцијата.