Министерката за образование и наука, Мила Царовска, реагира на објавата од Каракамишева и истакнува дека тоа е чиста лага на ВМРО-ДПМНЕ кои преку своите партиски мегафони како Каракамишева, повторно се обидуваат да манипулираат со граѓаните.
На лагата и се кратки нозете, не требаше многу да помине за целата јавност да се увери кој се мотивите за целиот циркуз околу дигитализацијата во образованието, изјави на прес-конференција претседателката на Комисија за образование на СДСМ, Елизабета Наумовска. Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ стојат зад бојкотот на наставата организиран од родителите.
Скратен полициски час, работа на угостителските објекти во отворените делови до 23:30 часот и отпочнување со работа на вежбалните, фитнес центрите и теретаните, се дел од олабавените рестриктивни мерки што Главниот координативен кризен штаб и ги препорача на Владата, а таа треба да ги разгледа и да ги усвои на денешната седница.
Не е можно да се раздвои патот за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, изјави премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев. Не може да се преговара за нашиот македонски јазик и македонскиот идентитет, вели премиерот.
Заев на средбата со потпретседателот на ЕК Тимерманс, изрази благодарност за поддршката на потпретседателот на ЕК Тимерманс за почеток на пристапните разговори со Северна Македонија и додаде дека нашата земја, како и Западен Балкан, се дел од иднината на Европската Унија и дека тоа прашање не трпи одлагање.
Веројатно секој еден кој запливал во медиумските води знае дека „брендот“ игра огромна улога во успешноста на една компанија. Бренд е повеќе од лого. Како и секогаш, и оваа тематика ја аплицирав на микро ниво и неизбежно дојдов до прашањето: Дали е правилно работејќи во голема компанија да се асимилираме со брендот односно вредностите на истата? Или спротивно; дали е правилно секој да се стреми кон тоа да биде сами свој бренд?, пишува БИЛЈАНА АРСОВСКА.
Вакцинирани се околу 110 илјади граѓани, се зголемува интересот, граѓаните да се пријавуваат за да добијат термин. Оние 170 илјади граѓани кои се во прва група до направениот пресек на 30 април, се тие кои сега се вакцинираат, дополнително се пријавени околу 130 илјади граѓани. Од вкупниот број на граѓани кои се пријавени до 30 април, сите веќе добиле или ќе добијат термин до 15 мај, вели министерот Филипче.
М. Миткоска





