Министерката за образование и наука, Мила Царовска, реагира на објавата од Каракамишева и истакнува дека тоа е чиста лага на ВМРО-ДПМНЕ кои преку своите партиски мегафони како Каракамишева, повторно се обидуваат да манипулираат со граѓаните.
– Оваа вест е чиста лага, сликата е извадок од Електронскиот дневник, систем воспоставен во 2010 година, вели Царовска и апелира граѓаните да не наседнуваат на ваквите лаги.
ВМРО-ДПМНЕ преку своите портали и партиски мегафони како Каракамишева пак се обидува дрско да манипулира со граѓаните. Оваа вест е чиста лага, сликата е извадок од Електронскиот дневник, систем воспоставен во 2010 година! Нема крај на лагите, граѓаните да не наседнуваат. pic.twitter.com/P0EwBbOHr6
— Mila Carovska (@mila_carovska) May 10, 2021
„ВМРО-ДПМНЕ преку своите портали и партиски мегафони како Каракамишева пак се обидува дрско да манипулира со граѓаните. Оваа вест е чиста лага, сликата е извадок од Електронскиот дневник, систем воспоставен во 2010 година! Нема крај на лагите, граѓаните да не наседнуваат.“, напиша на Твитер министерката Царовска.
Ј. Ѓ.