Имавме интензивни средби со највисоките претставници на европските институции – и осигуравме дека и во Европската Комисија и во Европскиот Парламент и во било која друга европска институција, клучните претставници знаат и разбираат дека нашиот македонски идентитет не е за преговори и никогаш нема да биде за преговори, вели Заев.
Чешката Република ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија. Не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Северна Македонија во ЕУ, изјави денеска министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар на заедничка прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Владата на 69-та редовна седница, донесе одлука, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 12 мај 2021 почнува од 24:00 часот до 04:00 часот наутро наредниот ден, информираат владините служби.
На потег е Собранието и пратеничките групи, вклучителнио и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека ја цени Армијата да ги повлече амандманите, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, за блокадата на опозицијата на Предлогот за измени на Законот за служба во Армијата.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска потврди дека офицер на Армијата на Северна Македонија кој учествува во Мисијата на ЕУ во Централно – Африканската Република (ЦАР), заразен со КОВИД-19 и суспектен на јужноафриканскиот сој вечер треба да пристигне во Скопје со медицинска евакуација.
Шефе, ги гледам Заев, Османи и Димитров деновиве ги ораат престолнините од Европската унија и прават сè да се добие поддршка за брзо отпочнување на преговорите со ЕУ и Македонија да не се одвои од Албанија. Мора да правиме нешто – јавуваат извори на АХА од белата палата на вмровците, за средба на Мицкоски со анонимен соговорник. Кога може Заев да ора, можам ваљда и јас, продолжил самоуверено Мицкоски, пишува РИБАРО.
М. Миткоска