ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

РСБСП: Да ја унапредиме културата во сообраќајот, преку личен пример да придонесеме за побезбеден сообраќај

May 11, 2021 10:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска по повод 11 Мај – Ден на културата во сообраќајот испраќа апел за унапредување на културата во сообраќајот,  промена на лошите навики. Да почнеме секој од самиот себе и преку личен пример и  позитивен придонес да дадеме поддршка за побезбеден сообраќај. Бидете внимателни, одговорни, културни и толерантени учесници во сообраќајот, денес и секој друг ден, апелираат од РСБСП.

-Сообраќајната култура е мошне важен елемент на безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи и поседување на вештини и умеење да се управува со возило, туку истовремено претставува и навика на нивно редовно и безусловно почитување и применување. Со други зборови, сообраќајната култура  претставува  начин на перцепирање на односите во сообраќајот, начин на  движење и однесување во сообраќајот кој треба да биде во насока на исполнување на општите и заеднички интереси на сите учесници во сообраќајот, а тоа е непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, се вели во денешното соопштение од РСБСП.

Оттаму нагласуваат дека сообраќајната култура е дел од општата социјална култура. Градењето сообраќајна култура, велат, е континуиран процес, кој започнува од мали нозе.

-Самиот процес на едукација, односно самиот процес на градење на сообраќајна култура е далеку полесен процес од процесот на промена на навиките и културата во сообраќајот. Токму затоа неопходно е да ги учиме децата на сообраќајна култура од најрана возраст.  Искуството покажува дека ги учиме децата на многу работи,  а недоволно ги учиме за тоа како да бидат безбедни и примерни учесници во сообраќајот, стои во соопштението.

Според РСБСП, семејството и воспитно-образовните институции имаат важна улога во развивањето на сообраќајната култура на децата.

-Односот на родителот во сообраќајот, без разлика дали е во улога на пешак или возач на возило во кое се вози и детето, како и почитувањето на сообраќајните правила од страна на возрасните, има големо влијание во развивање на сообраќајната култура на детето како учесник во сообраќајот. Бидете позитивен пример за децата во сообраќајот и на тој начин заштитете ги децата од повреди и загуби во сообраќајот, сега и во иднина, посочуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Според РСБСП, карактеристично е тоа што во земјава најголем дел од учесниците во сообраќајот се единствени во ставот дека сообраќајната култура и етика не се на потребното и на посакуваното ниво, но за жал, како што нлагласуваат оттаму, речиси сите ги бараат причините, вината и пропустите кај другите, а истовремено заборавајки дека сообраќајот е сложен систем, мозаик во кој сите ние партиципираме.

-Последиците од сообраќајните незгоди се премногу сериозни  и  наша заедничка обврска, општ и заеднички интерес на сите граѓани, е да се издигне сообраќајната култура на повисоко ниво. Унапредување на културата, етиката и толеранцијата во сообраќајот значително ќе придонесе за побезбеден и посмирен сообраќај, односно ќе придонесе за помалку сообраќајни незгоди, помал сообраќаен метеж и помалку настрадани лица на улиците и патиштата, се вели во соопштението.

Сообраќајна култура, како што нагласуваат од РСБСП, значи да се однесувате во сообраќајот водени од  мотото дека секој има право да се движи безбедно во сообраќајот и секој има обврска да придонесува за подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, сообраќајните правила и прописи важат за сите и сите се должни максимално, целосно и безусловно да ги почитуваат. Сообраќајните правила и прописи, нагласуваат оттаму, постојат за да не заштитат сите нас. Децата, потенцираат од РСБСП, се нашето богатство, децата се наша иднина и треба да ги зачуваме од повреди и  загуби во сообраќајот.

Денот на културата во сообраќајот е воспоставен со поддршка на Светската здравствена организација на 11 мај 2015 година, во Унгарија, кога за првпат е организиран настан во чест  на подигнувањето на свесноста за значењето и влијанието на сообраќајната култура врз безбедноста во сообраќајот. Овој настан, велат од РСБСП, прерасна во традиционална манифестација позната како „Ден на културата во сообраќајот“. 

извор: МИА

Next Post
ФОТО: МИА

Прес-конференција на министрите за одбрана Шекеринска и Метнар (во живо)

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk