ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спортските обложувалници сметаат дека нема потреба да се носи закон за оддалечување на обложувалниците од образовните институции

May 11, 2021 13:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со Предлог законот за оддалечување на обложувалниците од образовните институции, преку ноќ ќе им се стави клуч на спортските обложувалници, а 10 илјади вработени ќе останат без работа, истакнаа од вработените во спортски обложувалници денеска на прес-конференција пред Владата.

-Законот во истиот момент без работа би оставил 10 илјади луѓе, тоа се само директно вработените во оваа индустрија веројатно тоа ќе повлече и лавина на останати субјекти со кои соработуваме зборуваме за околу 100 микро фирми чие производство исклучиво зави од нашето работење веројатно зборуваме за уште поголема бројка, целиот наш сектор не гледа никаква потреба од носење на ваков закон, дадено е растојание од 500 метри да нема кладилница да  нема казино во близина на училишта, верски објекти итн. Со 500  метри апсолутно имаме затворање на целата индустија не постои каков било објект во урбана средина во градско подрачје да е на помало растојание од 500 метри, тврди Стеван Крстески, претставник на вработените во спортските обложувалници.

Додаде дека не гледа никаква опасност, обложувалниците да се во близина на училишта.

-Не гледам никаква опасност затоа што нас не ни се клиенти децата од основно училиште, нема тука никаква опасност на крај на краишта на секој објект пишува забране влез на лица под 18 години. Неколку пати е побарано да се разговара во формалните и во неформалните средби тоа ни е главниот адут за да докажеме колку е небулозно, нелогично вака конципираното законско решение, од наша страна беа доставени неколку точки кои би биле можеби подобрување на законот, не сме ние терористи, криминалци, па сега децата ќе ги штитие од нас, мислам дека и така имаме кревка економија со ова ќе ја доруинираат, бидејќи ние сме најголеми даночни обврзници, не правиме ние никаква штета на децата затоа што тоа е и веќе регулирано со закон и ние се придржуваме, малолетни деца не примаме во нашите објекти, изјави Крстески.

Инаку, со новиот Предлог закон предложен од страна на Министерството за финансии, се  предвидува обложувалниците и казината да бидат 500 метри оддалечени од образовните институции, основните, средните училишта и факултетите.

Министерство за финансии ја утврдило ваквата потреба бидејќи во постојниот закон воошто не е утврдена оддалеченоста од основни и средни училишта и високообразовни институции, на деловните простории во кои се одвиваат игрите на среќа.

извор: МИА

Next Post

„Учебници и настава мора да има“ во сабота на марш во Скопје и мирни протести низ другите градови

Shortcut

Најново

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk