пишува: РИБАРО
После долго двоумење, деновиве Камчев преку својот адвокат поднесол документи за посвојување на Геро.
Извори на АХА од затворот во Шутка, велат дека Камчев пред да ја донеси оваа еднострана одлука, гладувал неколку денови и дека тоа всушност било причината за наводниот штрајк, но откако се решил за посвојувањето веќе бил друг човек.
Репортерите на АХА, веќе неколку денови се обидуваат да стапат во контакт со Геро и да го прашаат дали се согласува да биде посвоен, или сепак ќе одбие и односот „Камчев-Кики-фрики“ ќе остане стриктно бизнис интерес. И покрај напорите, откако го побарале во сите негови станови во Скопје, сепак нашите репортери не успеале да го пронајдат Геро и да земат коментар.
Комшиите со кои контактираа нашите репортери, велат дека Геро најверојатно бил во неговиот стан во Охрид.
Без коментар останаа и блиските на Камчев, но затоа бурно реагирал козарот Миленко – разочараниот конкуренти на Геро, а плачки правел и адвокатот Менкиновски, кои очигледно извисија во оваа прва тура на посвојувања.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK