Вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани, напиша Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.
– Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани.Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 330.513 граѓани, вели тој.
Апелира граѓаните да се пријавуваат на веб платформата vakcinacija.mk, зошто тоа е најлесниот и најбрзиот пат до вакцинација.