ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи и Џачка реферираа пред министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ

May 13, 2021 22:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на шефовите на дипломатиите на Грција и Романија, Никос  Дендиас и Богдан Ауреску, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка денеска реферираа за европското досие на Северна Македонија пред своите колеги, министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ. На состанокот, учествуваше и генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи на ЕУ, Стефано Санино, како и Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина.

Како што соопшти МНР,  целта на состанокот беше да се рефлектира стратешката дискусија за Западен Балкан, одржана на 10 мај во Брисел и да се реафирмира ангажманот и заложбата на земјите членки кон европската перспектива на земјите од регионот, во пресрет на состаноците на Советот за општи работи во јуни.

Шефот на дипломатијата, Османи реферираше за реформскиот напредок, како и за чекорите превземени за надминување на проблемот со Бугарија и во насока на градење добрососедство. Порача дека Северна Македонија заслужи да се движи понатаму на европскиот пат, а Eвропскиот Совет во јуни конечно да ја материјализира одлуката за почеток на преговорите од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.

–Усвојувањето на Преговарачката рамка и свикувањето на првата Меѓувладина конференција стана силна симболична точка кон која се вперени сите погледи на целиот регион, што ги издигнува до ниво на тест  на кредибилитетот на ЕУ во однос на целиот Западен Балкан. Затоа, започнувањето на овој реформски фокусиран методичен и технички процес ќе испрати силен охрабрувачки сигнал до нашето општество и низ целиот регион, истовремено зачувувајќи ја строгата условеност воведена со новата методологија, која воведува посилен политички надзор од страна на земјите членки и реверзибилност на процесот, истакна Османи.

Овој состанок, како и стратешката дискусија за Западен Балкан, одржана на 10 мај во Брисел, ја истакнува фокусираноста на ЕУ кон Западен Балкан како и континуираната, дури и зајакната посветеност кон овој регион. Беше потврдена европската перспектива на целиот регион и силната поддршка за одржување на првата меѓувладина конференција за Северна Македонија, што е можно поскоро, стои во соопштението.

извор: МИА
Next Post

„Стоиме заедно“ – акција за помош и поддршка на 1.620 семејства

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk