Од Економскиот Форум Делфи во Атина, премиерот Заев истакна дека со колегата Мицотакис имаат одлична соработка. Во однос на соработката со Бугарија, премиерот Заев очекува дека ќе има решение.„Нашиот регион треба да влезе во ера на соработка за просперитет на сите наши народи. Да се зацврстува економската соработка, инвестициите, да се зајакнува довербата со цел унапредување на трговската соработка“, рече Заев.
Договорот од Преспа е корисен за земјата, патриотски, корисен за народите во регионот кои треба да живеат во мир и перспектива, суштината е дека постигнавме нешто историско за Балканот и за земјата, рече лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас за време на неговото учество на Делфи економскиот форум.
Нашиот идентитет не е за преговори и никогаш нема да биде. Сé додека некој се обидува, а гледаме дека се обидува, македонскиот јазик и македонскиот идентитет да го стави на европската маса за преговори, ние нема да преговараме. Ние ги исполнивме сите критериуми за отворање на преговарачкиот процес по поглавја, добивме безусловна препорака за почеток на преговорите, испорачавме и сега е на ред ЕУ да испорача, истакнува премиерот Зоран Заев во интервјуто за грчкиот медиум „Авги“.
Реафирмирана поддршката за почеток на преговорите со ЕУ на средбата Димитров – Дендијас. Тие имаа тет а тет средба на која покрај добрососедските односи и интензивирањето на соработката во многу области, двајцата разговараа и за актуелните случувања во регионот.
Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, денеска во Атина, во рамки на Економскиот форум Делфи, на состанокот со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, говорејќи за економските односи го истакнала значајењето на два проекта – брзата железница и гасното поврзување.
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон за време на неговото учество на конференцијата Евроатлантскиот Клуб во Софија побара од бугарските власти да ја укинат блокадата на Македонија кон Еевропската Унија.
Македонскиот офицер кој беше донесен од Африка не е заразен со јужноафриканскиот сој на корона вирусот, туку кај него е детектиран нигериски сој на вирусот.
М. Миткоска