ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Денеска пристигнуваат околу 40.000 дози од „Астра зенека“, утре 100.000 од „Синофарм“

May 14, 2021 12:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 40 илјади дози од вакцината „Астра зенека“ обезбедени преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во земјава, а веќе утре 100 илјади вакцини од кинески „Синофарм“ кои се донација од кинеската Армија.

Од новите дози на „Астра Зенека“, 24 илјади ќе бидат наменети за ревакцинација, а со останатите ќе се вакцинираат оние граѓани над 70 години кои дополнително се пријавиле за вакцинација. Приоритет, како што денеска изјави министерот за здравство Венко Филипче, ќе им се даде на нив, а младите ќе причекаат за вакцинација.

– Продолжуваме да ставаме акцент на постарите граѓани дополнително пријавени после пресекот од 30 април кога беа пријавени вкупно околу 140 илјади граѓани. Сега се вкупно околу 160 илјади граѓани. Околу девет илјади од овие дополнително пријавените, се граѓани над 70 години и со нивниот опфат околу 42 проценти од вкупно население над 70 години ќе бидат вакциирани, изјави Филипче.

Според него, имунизацијата на населението се одвива прилично добро и досега се вакцинирани околу 150 илјади граѓани од кои 30 илјади се веќе ревакцинирани.

Останува на ставот дека до утре или најдоцна до понеделник ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани за вакцинација.

Во однос на реакциите од граѓани кои уште на почетокот се пријавиле за вакцинација, а се уште не се викнати, Филипче појасни дека во некои општини се викнати и помлади граѓани затоа што таму била исцрпена листата за вакцинирање на повозрасните граѓани.

– Тука е таа дискрапанца. Но, на почетокот на оваа недела одлучивме дека таа граница ќе биде 40 години и оние помлади од 40 години нешто повеќе ќе почекаат. Акцент ставаме на постарите, рече Филипче.

Next Post

ФИТР и ПроКредит Банка обезбедуваат полесен пристап за финансирање на иновативните компании

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk