Од Министерството за здравство известуваат дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 344 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 48 болни, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 27, во ковид центарот во Гостивар 10, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациент, во Кочани 15 во Кичево 5, Кавадарци 16, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 586 и има околу 860 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, соопштуваат од Министерството за здравство.