ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи очекува наскоро средба со бугарскиот колега Стоев

May 14, 2021 13:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи веќе упатил писмо со честитка до новиот шеф на бугарската дипломатија во привремената влада Светлан Стоев и очекува состаноци, вели, оваа недела во насока на одржување на Меѓувладината комисија и за отворање пат за преговори.

-Уште вчера пратив писмо честитка до новиот министер за надворешни работи изразувајќи желба за скорешна средба со цел да се продолжи со идејата за состанок на Меѓувладината комисија, усвојување на извештаите од досегашната работа на комисиите, усвојување и одобрување на акцискиот план. Мислам дека се ова важни чекори во понатамошното имплементирање на Договорот, во градење на довербата. Веќе неколку месеци инсистирам за што поскоро свикување на Меѓувладината комисија бидејќи тоа е најважниот инструмент кој што објективно проценува динамиката на имплементацијата и тоа не остава простор за субјективно толкување на динамиката. Ние сме посветени на имплементирање на Договорот, рече Османи на новинарско прашање по прес-конференцијата со главниот преговарач за пристапување на Република Албанија во ЕУ, Зеф Мази.

Тој смета дека тоа е единствениот начин да се нормализираат односите, да се продолжи заедничката соработка и ќе продолжиме да рабоите во рамки на инструментите што ги предвидува Договорот.

-Затоа мислам дека е важно да се направи таа комуникација и што побрзо да се свика меѓувладината комисија, бидејќи таа ќе даде дополнителна динамика на соработка. Очекувам да има одредени состаноци, важни иницијативи во текот на оваа недела. Не би влегувал повеќе по однос на тоа прашање, но се надевам. Ние важно сме спремни, посвететни да се ангажираме во овој процес, затоа што шансата за јуни е неповторлива, затоа што и другите циклуси на состаноци на ЕУ се поограничени и покомплицирани поради многу околности – домашни, регионални, европски. И мислам дека треба да ги направиме сите напори за да постигнеме одредена согласност за утврдување на датум за јуни, оваа година, и затоа се добродојдени овие напори што ги очекувам оваа недела, рече Османи.

Тој го повтори ставот дека е можно решение со Бугарија и со техничката Влада и оти се надева дека токму комуникацијата и дипломатските обиди со новата влада во Софија оваа недела може да даде резултати.

-Ние не смееме да застанеме.Треба да работиме за јуни со сите капацитети што ги имаме, да ја мобилизираме целокупната поддршка која можеме да ја добиеме за јуни оваа година. Техничката влада може да донесе такво решение, рече Османи.

Во однос на евентуално одвојување на Албанија и Северна Македонија, тој нагласи дека наша принципиелна позиција е дека земјата ги исполни условите за старт на преговорите и Брисел треба да си го исполни ветувањето. Не сме против Тирана да ги започне преговорите, туку дека како што вели, Северна Македонија не смее да не ги започне.

-Ние не сме против тоа Албанија да ги започне преговорите со ЕУ, но Северна Македонија не смее да не ги започне бидејќи ги исполнува сите услови – 40 отсто од регулативите на ЕУ се транспонирани во нашето законодавство, 96 проценти сме усогласени со европската надворешна политика. Сите политички и економски критериуми ги исполнивме. Каква порака ќе испрати Брисел на регионот. Принципот беше вие испорачајте и ние ќе испорачаме. Врз база на тие ветувања направивме реформи. Ако ова ветување не се испочитува нема да имаме трансформирачка сила и ќе излезат алтернативни идеи како што и се појавуваат во последно време. Албанија ги исполни условите и треба да го продолжи патот со своја динамика, не сакаме да држиме никоја земја заложник. Но нема да биде добра порака на ЕУ за земјите во регионот ако не ги почитува своите ветувања, вели министерот Османи.

Next Post

Заев од Атина: Американската компанија „TEXAN & Envipco“ која работи во Грција ќе инвестира и во Северна Македонија

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk