ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Мицотакис развил позитивни идеи за тргање на бугарското вето, вели Заев, граничниот премин Евзони е затворен, вчера најмногу оздравени од Ковид-19

May 14, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Грција е еден од најпосветените наши пријатели за нашата ЕУ перспектива, истакнува претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во интервју за МИА и открива дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис развил неколку позитивни идеи, кои би можеле да помогнат за тргање на бугарската блокада.

Најфреквентниот граничен премин Богородица кон соседна Грција утрово функционира нормално во очекување на поголемо сообраќајно раздвижување на патници и туристи, но граничниот премин Евзони на грчка страна, и покрај најавите, до овој момент, се уште не е отворен, потврдија од дежурната служба на ГП Богородица.

Според вчера објавениот извештај на Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се 3803 оздравени пациенти. Тоа е најголем број регистирирани оздравени пациенти од Ковид-19 за еден ден досега.

Oд МВР демантираат дека вчера имало престрелка во населбата Ченто во Скопје.

Од Министерството за здравство известуваат дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 344 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вработените во високото образование и науката од септември ќе добијат за 10%, повисоки плати, а ќе им биде исплаќан и минат труд, кој само некои од установите го исплаќале досега, откако Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК за првпат потпиша колективен договор со Министерството за образование и наука.

РЕНТГЕН: Уметничка галерија – Инсталации

Турција ќе почне со производство на руската вакцина Спутник В наесен, најави турскиот професор д-р Исмаил Балак, во изјава за весникот Туркгун. Балак посочи дека целото производство на рускиот препарат против Ковид-19 ќе се врши во Турција.

Израелската војска рано утрово соопшти дека нејзините сили извршиле најсилни удари врз Појасот Газа од почетокот на конфликтот со екстремистите на таа палестинска територија.

Астероидот „2015 KJ-19“, кој е поголем од Кеопсовата пирамида во висина, ќе се приближи до Земјата денеска, на 14 мај, според официјалната страна на НАСА.

Долгоочекуваниот повторен собир на „Пријатели“ конечно доби термин за првото свое прикажување, по одложувањето на снимањето предизвикано од пандемијата на коронавирусот.

Манчестер јунајтед вчеравечер загуби од Ливерпул во 34. коло од англискиот шампионат со 4:2. Екипата на Оле Гунар Солскјер оваа сезона досега прими 27 гола на домашен терен. Ова е најлош резултат на тимот во клупската историја.

Ј. Ѓ.

Next Post

Димитров: Нашиот случај е тест за Унијата дали ние на Западен Балкан ќе можеме да и веруваме на ЕУ

НАЈНОВО

Расте интересот за вакцинација против сезонски грип: Досега пријавени 70.000 граѓани, вакцинирани над 22.000

October 28, 2025

Бојан Кордалов за Фронтлајн: Политичките партии сè уште заробени во етничките матрици

October 28, 2025

Македонската филхармонија ќе настапи во „Музикферајн“ во Виена

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk